13 Мај, 2024
0.0266

ЗАКИНТОС: Што рекоа уапсените на сослушувањето за убиството на Американскиот турист?

Објавено во: Балкан 13 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Сите осомничени за убиството на американскиот турист на Закинтос ги отфрлија обвинувањата пред истражен судија, пишуваат грчките медиуми.

Како што се наведува, досега се сослушани петмина осомничени, меѓу кои се и тројца српски државјани и на сите им е одреден притвор до почетокот на судењето.

Како пишуваат медиумите, српските млади момчиња отфрлиле секаква вмешаност во злострорството „иако тие јасно се гледаат на снимките од тепачката“.

Обезбедувач од српско потекло рекол пред судијата дека „не ја удирал жртвата“.

„Не го тепав, или барем не му нанесов смртоносен удар бидејќи раката ми е скршена“, рекол тој.

Грчкиот бармен исто така рекол дека тој не е оној кој го убил Бакари Хендерсон.

„Да, го удирав, но немав намера да го убијам. Видов дека во тепачката е мојот колега и дотрчав да помогнам“, рекол тој.

Двајцата вработени во барот во кој избила тепачката рекле дека Хендерсон ги нападнал и дека тие се бранеле. Како што рекле, нивната цел била повторно да воспостават мир во локалот.

Грчки портали наведуваат дека процесот продолжува со сослушување на уште тројца српски момчиња, а во текот на денот би требало да биде донесена и одлука во кој затвор ќе бидат префрлени осомничените.

Исто така се пишува и дека осуммината осомничени се теретат за убиство и здружување со цел да убијат и наводно им се заканува максимална казна по грчкиот закон-доживотна робија.

Детали за деветтиот приведен, кој исто така е српски државјанин засега нема.

Во кој рок судењето би можело да почне е тешко да се процени, со оглед дека допрва се очекува спроведување на детална истрага и собирање на докази, па потоа покренување и потврдување на обвинението и дури потоа закажување на судење.

Во среда грчките медиуми објавија уште две видеа од тепачката во која е убиен туристот од САД во Закинтос, после што се уапсени девет лица, меѓу кои и седуммина српски државјани. Деветиот уапсен не е сослушан во среда.

(ВИДЕО) ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНА СНИМКА: Моментот од клубот кога избила тепачката во Закинтос


Можеби ќе ве интересира

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни