ЗАЈМИ КНИГА, ЧИТАЈ И ВРАТИ: Oтворена библиотека имаше во Охрид, а за догодина планот е поамбициозен
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2022 07:20
Во текот јули, август и септември, НУ Библиотека „Григор Прличев" – Охрид реализираше пилот проект, односно во центарот на градот имаше отворена библиотека која работеше 24 часа.

Туристите можеа да зајмуваат книги, да ги читаат и да ги вратат. Од охридската библиотека велат дека иако биле скептични на почетокот, сепак се покажало дека пилот проектот вроди со плод, а околу 600 книги на различни јазици поминале низ рацете на посетителите на Охрид. Понудиле литература на српски, хрватски, англиски, германски, италијански, холандски и други јазици. Велат дела Холанѓаните, Германците и Англичаните најмногу зајмувале книги. Објаснуваат дека сето ова како пракса постои и во странство, а во Охрид ја збогатува понудата. Додека се на плажа, гостите имаа можност времето да го поминат со книга во рака.

„Три месеци функционираше библиотеката на отворено. Никого не запишувавме, туку луѓето доаѓаа на штанд, земаа книги и ги враќаа подоцна. Услугата ја користеа бесплатно, затоа што се работи за лица кои не се наши читатели, ги немаме во cobiss системот. Имаше и многу луѓе кои донираа книги, така што постојано се надополнувавме со нови наслови. За идната година имаме поамбициозен план, планираме да им понудиме на хотелите во нивни состав да имаат вакви библиотеки. Ова веќе се практикува во странство, каде и телефонски говорници се претворени во библиотеки“, вели директорот на библиотеката, Милчо Јованоски.

Тој објаснува дека пред две години во авто кампот Љубаништа е оформена библиотека, а излегле во пресрет и на многу други институции, месни заедници, па дури донирале и книги за едно од охридските села кое е доста далеку од градот. Библиотеката во Охрид располага со околу 100.000 библиотечни единици.

Поетот Милчо Мисоски од соседниот град Струга смета дека ваквите иницијативи се потребни.
„Што му треба на градот, на заедницата, на општеството, нас, на поединецот.... Мислам дека тоа се вика култура и можеби ништо повеќе и ништо помалку, зашто ние сме тоа што читаме“, вели Мисоски.
Во светот мобилните библиотеки датираат од 19 век. Автобуси во Лагос, но и контејнери за транспорт во Холандија имале функција на библиотеки. Патувајќи од едно место до друго место, подвижните библиотеки имаат за цел да им донесат книги на оние што немаат пристап до нив. И во Нигерија децата добиваа книги од мобилна библиотека.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




