ЗАХАРОВА ЗА УБИСТВОТО НА РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ: Има причини да се верува дека украинските специјални служби се вмешани
Објавено во: Свет 25 Април, 2025 18:45
Руските власти тврдат дека украинските специјални служби се вмешани во убиството на генерал-полковник Јарослав Москалик во рускиот главен град Москва.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова денеска објасни дека има причини да се верува дека украинските специјални служби се вмешани во убиството на генерал-полковник Јарослав Москалик во Москва.
Автомобил „фолксваген голф“ експлодирал откако во него е активирана импровизирана експлозивна направа.
Експлозијата се случи во градот Балашиха, источно од Москва, потврди Истражниот комитет на Русија.На сличен начин и претходно имаше ликвидации на важни руски воени лица. Од украинска страна имаше закани дека и самиот рускиот претседател Владимир Путин и неговите потомци нема да имаат мир поради штетите кои ги нанесоа на Украина со војната. Русија пред повеќе од три години ја почна инвазијата на Украина.
Можеби ќе ве интересира
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела




