14 Декември, 2025
0.0413

„ЗАГУБАТА ЌЕ БИДЕ ШЕСТКРАТНО ПОГОЛЕМА ОД МИНАТАТА ГОДИНА“: директорката на Централен регистар бара начини да ја врати на „здрави нозе“

Објавено во: Економија 30 Октомври, 2024 15:04

Добивај вести на Viber

Централниот регистар оваа година ќе работи со загуба, која според новата директорка ќе биде шесткратно поголема од ланската. Минатата година Централниот регистар за прв пат прокнижи загуба, по долги години позитивни биланси, а оваа година загубата ќе биде поголема, потенцираше денеска директорката Анита Стамнова.

Во обраќањето на настанот по повод „Деновите на Централен регистар“, Стамнова најави нови проекти и потенцира дека во фокусот ќе бидат развојот, транспарентноста и стбилноста на институцијата. Најави дека Централниот регистар ќе биде извор на информации за сите учесници во платниот промет.

- Претходната година забалежавме загуба во работењето прв пат по не знам колку години, а годинава веќе е извесно дека ќе рботиме со загуба. Уште кога дојдов на функцијата го детектиравме тоа со колегите. Загубата ќе биде шесткратно поголема од загубата минатата година. На сите состаноци со Министерството за финансии разменивме размислувања и насоки како да ни помогнат околу услугите што ги нудиме, за да ја подигнеме институцијата, да ја вратиме на „здрави нозе“ - напомена директорката.

Меѓу планираните активности, Стамнова ги акцентираше надградбата на централизираниот менаџмент со корисници, надградбата на Регистарот на вистинските сопственици на правните субјекти, како и надграбата на едношалтерскиот систем. Ќе биде во функција, дополни, и новиот регистар на сметки преку кој институцијата ќе се вклучи во борбата против перењето пари и финанансирањето тероризам.

- Покрај усогласувањето со ЕУ директивите, во делот на контролата и заштитата на податоците предложени се законски измени кои треба да придонесат за подобар квалитет на податоците. Целта на надградбата на централизираниот менаџмент со корисници е овозможување елекорнска идентификација на корисниците на електронските услуги на Централниот регистар со високо ниво на сигурност. Ќе се надградува и Регистарот на вистинските сопственици на правните субјекти со цел обебедување висок степен на транспарентност во сопственичката структура, а надграбата на едношалтерскиот систем ќе овозможи забрзување и поедноставување на пријавите за упис - истакна Стамнова.

Таа најави и зголемување на квалитетот на податоците за физичките лица, софтеврско решение за генерирање извештаи, како и систем за заштита и архивирање податопци.

Вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацевска се осврна на Единствениот регистар на сметки.

- Ова е еден од важните чекори што ја олеснува обработката на податоците, овозможува поефикасно делување на институцијата и поголема заштита на потрошувачите. Воспоставувањето на овој Регистар е значајно за приклучувањето кон Единствената област за плаќањa во евра - СЕПА, ја овозможува правовременоста и достапноста на информациите до сите релевантни институции и засегнати страни, претставува важна основа за ефикасноста на плаќањата, за поголема фиансика контрола и за спречување нелегални активности, но и за погоема ефиканост на процесите за присилна наплата според најдобрите европски практики. Регистарот ќе овозможи и подобра заштита на правта на граѓаните и правните сујекти - подвлече  Нацевска.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го пофали Централниот регистар дека е една од институциите кои даваат вистински пример за успешна деигитална трансформација во јавниот сектор.

- Клучен сегмент во реформата на јавната администрација е подобрување на квалитетот на административните услуги. Нудењето електеронски услуги значи поедноставна и побрза испорака на услуги, транспарентност и намалување на можностите за корупција - подвлече министерот. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИА

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји