17 Декември, 2025
0.0467

ЗАГРЕБСКАТА БЕРЗА ДОКУПИ АКЦИИ ОД МАКЕДОНСКАТА, СЕГА Е ГАЗДА НА 30 ОТСТО - зошто не известија од нашата берза

Објавено во: Финансии 23 Август, 2022 20:32

Добивај вести на Viber

Загрепската берза (ЗСЕ) се стекна со дополнителен удел во Македонската берза (МСЕ), со што го зголеми сопственичкиот удел на 29,98 отсто.

Оваа информација пред пет дена, односно на 18 вгуст, е објавена на веб страната на Загребската берза.

Како што стои во официјлната објава на нивната веб страница, првиот удел Загрепската берза го купила на крајот на 2019 година.

„Тоа беше второ стекнување на удел во регионална берза од страна на Загрепската берза, откако ЗСЕ се здоби со 100 отсто сопственост на Љубљанската берза во 2015 година, преземајќи ја од Виенската берза“, се вели во соопштението од Загребската берза објавено на нивната веб страница.

Информација дека Загребската берза станала газда на 30 отсто од Македонската, деновиве не беше објавена на Македонската берза за хартии од вредност.

Фактор ја праша Комисијата за хартии од вредност дали тие се информирани за оваа трансакција и зошто Македонската берза не ја објавила оваа информација. Велат дека тоа прашање треба да и се упати на Македонската берза. 

А, од Комисијата за хартии од вредност велат дека тие на седница одржана во јуни годинава дале согласност Загребската берза да го зголеми своето учество во Македонската берза, до сопственост од 30 отсто.

„Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 151-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе Решение со кое се дава согласност на Загребачка берза  Д.Д Загреб да стекне квалификува­но учес­тво во Македонска берза АД Скопје, односно да се стекне со акции, чиј вкупен кумулативен износ не надминува 30 отсто од вкупно издадените акции со пра­во на глас од Македонска берза АД Скопје“, се вели во соопштението кое тогаш го издала Комисијата за хартии од вредност и го објавила на својата веб страница.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска