Загинатите во Мариупол ги собираат во вреќи, вели српски новинар
Објавено во: Свет 20 Април, 2022 20:43
Српскиот новинар Даниел Симиќ се јави од украинскиот град Мариупол и вели дека состојбата таму е многу тешка.
Тој раскажува дека телата на загинатите ги собираат во вреќи. Новинарот се приближил и до фабриката „Азовстал“, каде што постојано се слушале пукотници.
„Постојано се слушаат експлозии. Во Мариупол ситуацијата е тешка, цивилните власти не прават никакви стратешки потези. Сцените се апокалиптични. Видов многу загинати луѓе низ улиците“, открива тој.
Војната трае веќе 56 дена. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да ги замени руските воени заробеници за безбедна евакуација за цивилите и украинските војници од Мариупол. Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на Телеграм објави дека „хуманитарниот коридор од Мариупол денеска не функционира како што било планирано“.Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




