Заев за листите во Охрид: Ова е порака за нас, ќе зборувам со овие партиски членови
Објавено во: Македонија 29 Април, 2021 14:02
Листите од Охрид се порака за нас, за СДСМ, рече денеска премиерот Зоран Заев одговорајќи на прашање за независната листа за која вчера известија истакнати членови на СДСМ и најавија дека ќе формираат своја изборна листа за претстјните локални избори. Премиерот најавува разговор со овие членови, но потенцира дека Социјалдемократскиот сојуз е единствен“,
„Но секако сме различни од сите заради разноликоста на нашите ставови, на нашите размислувања и тоа не прави најдемократска партија со докажани демократски начини на работење, однесување и функционирање. Листите од Охрид се порака за СДСМ, но имаме неполни шест месеци да разговараме, СДСМ со единство ги извојува победите секогаш, рече премиерот Заев.
Заев очекува и натаму да соработува со Радмила Шекеринска која најави дека веќе нема да се кандидира за партиски функции.
Претседателот на СДСМ додаде и дека е рано да се каже дали за следните локални избори ќе оди во коалиција со партии на Албанците во земјава, но во преден план, како што рече, е Конгерсот кој ќе се одржи во мај.
Фактор вчера објави дека истакнати членови на СДСМ од Охрид, меѓу нив и повеќе долгогодишни советници во Советот на општината формирале Иницијативен одбор за подготовка и поднесување на листа на независни кандидати за членови на Советот на општина Охрид на претстојните локални избори. Мотото и називот на листата на независни кандидати гласи „ОХРИД ПРЕД СЕ“.
Нивното отцепување на независна листа извори од партијата го толкуваат како израз на таложеното незадоволство во партијата. Тоа се луѓе со кои СДСМ се идентификува во Охрид практично. Дознаваме дека е можно вакви листи да има и во другите градови во земјава.
Детали овде
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





