Заев: Утре гледајте, ќе биде интересно со Мицкоски
Објавено во: Македонија 25 Март, 2019 15:08
Премиерот Зоран Заев за утрешниот ТВ-дуел со Христијан Мицкоски во рамки на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 денеска ги повика граѓаните масовно да го следат телевизиското соочување. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека е тешко да се дебатира со него бидејќи „е неодговорен“.
- Тежок, неодговорен, за многу важни работи не помага на државата. Разбирам дека опозицијата треба да е критична, но треба да е реална и одговорна. Јас бев 21 месец во опозиција - рече денеска Заев, одговарајќи на прашање на трибината во Куманово „Фер општество, Шанса за сите“
Тоа ќе биде второ соочување на двајцата политички лидери, по ланското на јавниот национален сервис.
Ги повика младите да не чеклаат работно место во јавната администрација затоа што така ќе ги загубат своите креативни сили.
- Доаѓа мониторингот на ЕУ, доаѓаат институции кои ќе стават ред. Младите да не бараат работа во јавната администрација, така може да ја загубат креативноста“, рече Заев.
Тој додаде дека е потребно да се развива приватниот сектор, а не да се форсира јавниот, бидејќи така долгорочно државата не може да се развива.
- 70 милиони евра имаме во буџетот за поддршка на стопанството. Од нив 12 за финансиска подршка и 13 за привлекување на инвестиции, рече премиерот.
Додаде дека се размислува за идејата државата да ги доплаќа придонесите за работниците доколку работодавците им ја зголемат платата за 100 евра
Можеби ќе ве интересира
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат




