26 Април, 2024
0.0287

ЗАЕВ СО ПОРАКА ОД ФОРУМОТ: Не можеме да бидеме ништо друго освен членки на ЕУ, но не можеме да чекаме тие да ни ги решат проблемите внатре

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Дури 18 милиони луѓе од регионот заслужуваат да бидат дел од Европската унија, бидејќи и Албанија и Македонија направија многу за да бидат од европското семејство, потенцираше премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека само со меѓусебно поврзување може да се реализира за она што се залага регионот, а тоа е членство во Европската унија.

„Не може да бидеме ништо друго освен членки на Европската унија, но не можеме да чекаме Европската унија да ги решава проблемите внатре, се надеваме дека ќе биде изнајден начин да се решат проблемите во ЕУ и да тргне развојот на економијата во регионот“, изјави премиерот Зоран Заев на воведното обраќање на Економскиот форум кој денеска се одржува во Скопје.

На настанот се присутни над 300 претставници на компании од целиот регион.

Премиерот Заев рече дека започнува нова ера на соработка во регионот. Во своето воведно обраќање најави дека ќе бидат потпишани два важни меморандуми и еден договор кој ќе ги олесни административните процедури.

„Почнува да се создава највисоко ниво на разбирање и поврзување, како и витален регионален простор, а тоа е наша заедничка желба. Сакам да ве уверам дека нашата волја е израз на максимална посветеност“, изјави премиерот Зоран Заев на Економскиот форум во своето воведно обраќање.

На Економскиот форум во Скопје присутни се и премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби