06 Мај, 2024
0.0260

Заев: Се сеќавате на лажната вест со бугарскиот кран?

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Македонскиот премиер Зоран Заев наводната информација дека бугарски кран влегол во Македонија со цел да го крене споменикот „Воинот на коњ“ од скопскиот плоштад била најбизарна лажна вест во перидот на спроведување на Преспанскиот договор. Ова шефот на македонската Влада го нагласи на конститутивниот состанок на Акциската група за координација на институциите на државата за борба против дезинформации и напади на демократијата, на кој присуствуваа и македонскиот претседател Стево Пендаровски и собранискиот спикер Талат Џафери.

- Нашата земја во повеќе наврати се соочи со вакви тешкотии особено за Преспанскиот договор. Кампањата со лажни вести го дезинформираше и ги дестимулираше граѓаните и имаа најголем интензитет на самиот референдум па дури и му се додаваа членови на договорот. Тезите кои се пласираа во јавноста беа: Го губиме идентитетот и се брише се што е македонско, Грција го напиша нон-пејперот со уставните амандмани што треба да ги спроведе Владата, Се менуваат меѓународните кодови и кратенки, дезинформациите дека се брише АСНОМ од Уставот, Готово е јазикот ќе биде северномакедонски, Грција нема да го почитува договорот во иднина, беше еден од насловите, па и дека нема поврзаност договорот и референдумот со интеграцијата на Македонија во ЕУ. Се сеќавате на една вест која тврдеше дека бугарски кран ќе го трга споменикот на Александар Македонски на плоштадот, па граѓани се собраа да го бранат, рече Заев на отворањето на седницата.

Конститутивниот состанок на Акциската група за координација на институциите на државата за борба против дезинформациинајави кампања против лажните вести и ги оцени како „сајбер-напади против демократијата и политичката стабилниост“

„ Платформата за борба против лажните вести. Се протнаа алгоритмите на пропагандата во дигиталната ера Шокантните вести и невистини се најголем поткопувач на демократските процеси, и предизвикуваат омраза, паранова и етничлја и верска нетрпеливост. Франција донесе закон за борба против лажните вести, а САД донесе заклучок дека тие се закана за земјата и лансираше проект за нивно пресретнување“, додаде Заев.

Кампањата против т.н.„фејк њуз“ ќе се води според стандардите на Европската комисија и секторот за комуникации на НАТО.Од октомври е најавена серија консултации со граѓанските организации и медиумите. Беше поздравена и иницијативата за регистар на изданија само што ги исполнуваат условите да бидат медиуми, со познато сопствеништво и импресум. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува