14 Декември, 2025
0.0520

Заев пречекан од Конте во Рим

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2019 16:01

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев попладнево допатува во Рим, каде што беше пречекан од шефот на италијанската Влада, Џузепе Конте, со кого треба да оствари средба на која детално ќе биде информиран за тоа каква е перспективата на Македонија во евроинтеграциите во блиска иднина.

Тој денеска пред медиумите изјави дека на денешната средба во Рим со шефот на италијанската Влада, Џузепе Конте, ќе биде информиран за тоа дали Европската Унија планира во блиска иднина да биде активна на полето на проширување и за тоа каква е замислата за методологијата на преговори која ја планира францускиот претседател Емануел Макрон.

- Кај италијанскиот премиер Конте ќе добијам информација од прва рака за идните планови на Европската Унија. Истовремено ќе добијам претстава за тоа каква ќе биде методологијата која ја замислува Франција. Ќе истакнам дека алтернативи во замена за проширувањето за нас се неприфатливи. Пријателска Франција ќе осознае дека за нас нема алтернатива, рече Заев пред да отпатува за Рим.

Предвидено е по состанокот со Конте тој да замине во Брисел на проштална вечера на Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика. Заев денеска додаде дека и од таму ќе добие информации за процесот на прошурување и каква ќе биде неговата иднина.

„Му благодарам на италијанскиот премиер Конте за поканата за моја работна посета во Рим и за топлото добредојде попладнево во Владата на Италија во Palazzo Chigi.  Ги негуваме и развиваме пријателските односи и соработката меѓу нашите две земји и нашите граѓани потврдувајќи дека Европа е нашиот заеднички дом“, објави Заев по пречекот во Рим.


Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина