19 Декември, 2025
0.0475

ЗАЕВ ПОТВРДИ: Доста е од играта на нерви, избори ќе има на 15 јули, тоа е прифатливо и за Мицкоски

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2020 15:13

Добивај вести на Viber

Избори ќе има на 15 јули. Ова денеска го потврди лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој нагласи дека овој датум е прифатлив и за ВМРО-ДПМНЕ, за што веќе разговарал и со првиот човек на на партијата, Христијан Мицкоски. 

„Свесни сме дека се наоѓаме во комлициран момент, мора да направиме важни чекори. СДСМ е носител на одговорна власт, треба да направиме се да обезбедиме институции со полн капацитет. Ни треба активно Собрание и функционална политичка Влада. Треба да заврши оваа игра на нерви во која страдаат и граѓаните. СДСМ и овој пат ја покажува својата големина, за да не страда народот, го заклучуваме 15 јули, како конечен и единствен датум за избори. Разговарав со Мицковски и тој ми потврди дека ќе учествува на избори на 15 јули. Среда ќе биде неработен ден за сите граѓани. Ова е за да ја спасиме државата. Понеделник и вторник ќе гласаат болни и изнемоштени, како и позитивни на корона, оние во самоизолација и хронично болни“, рече на пресконференцијата Зоран Заев. 

Тој рече дека праќа порака до Мицковски, дека одговорноста пред народот е голема. 

„Одговорност е како политичар да обезбедиш за граѓаните институции кои ќе функционираат со полн капацитет“, рече Заев.

Ниту еден политичар, според него, не смее да си игра со својот народ, а овој договор ќе обезбеди спас на државата.

Среда, кога ќе се гласа, ќе биде прогласена за неработен ден. Ќе се гласа до 21 часот, за да се заштитат граѓаните, односно поради здравствените протоколи и заштитните мерки. 

Фактор веќе објави дека изборите ќе се одржат на 15 јули годинава, како компромис меѓу политичките ривали за датум на кој би се организирало предвременото изборно соочување. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот