19 Мај, 2024
0.0289

Заев откако наседна: Немам намера да поднесам оставка

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Тоа што сум измамен од руските комичари покажува дека сум во добро друштво, бидејќи така беа измамени и Емануел Макрон и Борис Џонсон, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање пред јавноста по повод објавените три разговори во кои шефот на македонската Влада мисли дека разговата со Петро Порошенко, претседателот на Украина, и Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО.

- Тоа се странски платенички структури и работат во интерес на опозицијата, за што покажува првично ширење на веста од опозициските портали.  Разговорите ја покажуваат мојата верба во договорот со Грција, како и за придобивките од договорот со Бугарија. Ќе направам и се што треба за автокефалноста на Македонската православна црква. Мислењето за Ѓорѓе Иванов дека е близок со русија, може сам за тоа да коментира, рече Заев.

Премиерот рече дека наседнал затоа што и претходно многу пати разговарал на истите теми со Порошенко и Столтенберг. Најави дека мора да се зголеми безбедноста при протоколот на комуницирањето и борбата против лажните вести. Рече дека нема намера да поднесува оставка поради ова.

- Давањето телефонски броеви не е оддавање државна тајна. Јас во овие разговори разговарав за наши официјални ставови кои се објавени и во јавноста. Немам намера да поднесам оставка, затоа што ова се случувало во повеќе земји и на повеќе политичари, наведе Заев.


Можеби ќе ве интересира

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално