18 Декември, 2025
0.0620

Заев: Ќе одам повторно во Софија, ќе барам решенија

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2021 13:36

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска во заедничка прес-конференција со албанскиот колега Еди Рама во Скопје ја даде првата изјава по вчерашната блокада на Бугарија за добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ.

„Не се откажувам, ќе одам повторно и повторно во Софија и ќе барам решенија, за ние во таа цел ќе успееме. Северна Македонија е Европа, Албанија е Европа, Балканот е Европа“, порача Заев.

Македонскиот премиер рече дека неговото минатонеделно одење во Софија со владина делегација значело позитивен исчекор во надминување на спорот со Бугарија, но се покажало како недоволно.

„Минатата недела отидовме со отворено срце и подадена рака. Претходно во Софија беше и Рама. Иако направивме позитивен исчекор, за жал и покрај недвосмислените пораки од меѓународната заедница, бугарските колеги не најдоа сили да одобрат почеток на преговори со Албанија и Северна Македонија“, додаде премиерот.

Според Заев, алармот е вклучен, а суштината и вредностите на ЕУ се доведени во прашање. 

„Денеска тие вредности се афирмираат во Западен Балкан. Инклузивноста, правдата, толерантноста, мобилноста, солидарноста. Треба да знаат сите од ЕУ кои ги прифатија овие вредности дека никој со ниту еден акт не смее да ги доведе во прашање човечкото достоинство и човековите права.

Одлуката на ЕУ да не ја закаже првата меѓувладина конференција е огромен неуспех на политиката на ЕУ за проширувањето и лоша порака за целиот регион. Ставот не е во духот на добрососедските вредности, европските интеграции не треба да бидат заложник на билатералните прашиња. Нашиот напредок во ЕУ треба да зависи од домашните реформи 

Во рамката не треба да се внесуваат билатерални прашања, тоа е опасен преседан. Македонскиот национален идентитет не треба да биде предмет на преговори. Бескрајните и повторувачки разочарувања ги охрабруваат евроскептиците. ЕУ мора да најде формула како да го одржи зборот. Се уште ние му даваме шанса на процесот.“, гласеа преостанатите негови пораки.

Албанскиот премиер Рама исто така рече дека нема разлика помеѓу неговата и реакцијата на Заев.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми