05 Мај, 2024
0.0255

Заев: Ќе го победиме ДУИ во шестката, повеќе Албанци ќе гласаат за СДСМ и БЕСА

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска му порача на неговиот актуелен владин партнер ДУИ дека коалицијата со БЕСА ќе значи победа во шестата изборна единица, односно во полошкиот реон.

- Јас би му порачал на коалициониот партнер да не го лаже паметот, коалицијата СДСМ и БЕСА ќе биде победник на овие парламентарни избори, а не ДУИ, и тоа во шестата изборна единица. Тука повеќе албански гласачи ќе гласаат за нас заедно, отколку за ДУИ и тоа ќе испрати порака до целиот наш народ дека единството ја прави силата, рече Заев на денешната прес-конференција на која промовираше дел од економските мерки од изборната „Програма 20-24“.

Тој сепак рече дека ја отвора вратата за соработка со секого, но истовремено порача дека тие партии најпрво треба да бидат реформирани.

Еве ние се менуваме, имаме потпретседатели на партијата што немаат партиски книшки. Околу 70 отсто од претседателите и членовите на комисиите што ги номинираме немаат ниту „С“ од „СДСМ“, без книшка ниту каква било каква партиска определба. Се отвораме, се демократизираме, се менуваме. Очекувам и другите политички партии да се менуваат, одговори Заев на новинарско прашање.

За поранешните критики на лидерот на БЕСА, Билал Касами, кон Заев, тој вели дека тоа се должо на тоа што на претходните парламентарни избори СДСМ привлекол голем број на албански гласови.

- Често не критикуваа затоа што направивме коалиција со ДУИ. Не прашуваа „зошто го зедовте ДУИ“, но истите потоа признаваа дека без ДУИ не можеше Влада да се направи. Најверојатно тие критики беа затоа што можеби недоволно сме се оградувале од некои нивни политики. На крајот на краиштата, Билал Касами бепе опозиционер и мораше да ме критикува како премиер, односно како предводник на власта, наведе Заев.

Заедничката коалиција, вели тој, со БЕСА ќе се темели на економијата и реформите.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ