ЗАЕВ: Утре на владина седница ќе го потврдам разрешувањето на Пауновски, но утрото ќе ги сослушам и аргументите на инспекторите
Објавено во: Македонија 26 Април, 2021 14:21
Премиерот Зоран Заев вели дека утре на владина седница ќе го потврди она што го најави, а тоа е да биде разрешен директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.
Разрешувањето на Пауновски ќе биде една точка на дневен ред на утрешната владина седница.
Заев всушност како од пушка одговори на новинарското пшрашање за Пауновски, што значи дека се подготвувал за ова прашање и за сите закони и прописи, кои, како што рече не ги почитувал, а требало, Пауновски.
Вели дека причина за тоа е што Пауновски не ги почитувал законите, а не го почитувал ни етичкиот кодекс.
Сепак, Заев утре ќе ги прими на разговор пазарните инспектори од ДПИ, кои до него ќе ја достават петицијата, со која се бара да не биде сменет Пауновски, и ќе го информираат за сите успеси што инспекторатот ги постигнал за време на менаџирањето на Пауновски.
„Преку мојот кабинет ги информирав почитуваните инспектори дека утрото во 9 часот ќе имаме состанок, на кој ќе ги сослушам нивните аргументи. Седницата на Владата е потоа во 12 часот“, рече премиерот Заев.
Замолен од новинарите да биде прецизен дали Пауновски ќе биде разрешен на утрешната седница, премиерот рече.
„Утре ќе го потврдам на седница тоа што го соопштив претходно на јавноста. Се работи за закон, сите треба да го почитуваат законот. Овде станува збор за непочитување на законот. Исто така се работи и за непочитување на етичкиот кодекс“, нагласи премиерот Заев.
Но, потоа премиерот уште еднаш повтори дека сепак ќе ги сослуша и аргументите на инспекторите на утрешната средба.
„Секогаш постои отворена можност, затоа и сум закажал состанок и со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, да ги слушнам и нивните аргументи. Чуму тогаш би закажал состанок, ако сум убеден во ставот којшто го соопштив во јавноста. Ги знам прописите, правилата, етичкото поставување, јасно знам каде оваа влада сака да стигне во својата поставеност, служејќи за добробит на граѓаните или слично. Но, секако ниту се сметаме за најпаметни и најинформирани ниту покажуваме каква било сила или моќ. Сакаме да се почитуваат законот за распределба, Законот за Влада, за хиерархиската поставеност на институциите и на крајот, не помалку важно, етичкиот однос на сите кон самите претпоставени, спрема граѓаните и спрема другите институции“, вели Заев.
Сепак, за како што рече, инаетењето од страна на Пауновски, во Владата постои етички кодекс за однесувањето на фунцкионерите. Дали се почитува тој Кодекс треба да следи вицепремиерот Љупчо Николовски, кој е должен да го извести Стојко Пауновски дека го прекршил етичкиот кодекс.
„Јас сакам да ве уверам согласно одлуката која ќе ја донесам лично јас, а секако и Владата ќе постапи согласно правните прописи во државата. И нема да си дозволиме, секако, ништо поинаку, освен постапување по правните происи“, рече премиерот.
Заев вели дека за ова прашање се отворила дебата во јавноста, што е демократски, но, како што нагласи, сака да ја информира јавноста дека Пауновски не сакал да бара решение за проблемот.
„Сакам да ја известам јавноста дека директорот Пауновски беше детално информиран за неговото непостапување на 5,10 и 21 април од МИОА, а и по повеќе усни укажувања, тој не побара средба, не разговараше и не понуди начин за решавање на проблемот. Инаку, неговиот допис дека овие вработени се неприфатливи до вицепремиерот Груби и до мене тој ги достави уште во јануари годинава“, рече Заев.
Според него, од увидот во образовниот профил, утврдено е дека 24 вработени кои треба да бидат превземени, ги исполнуваат условите. Ова значи дека овие лица може да бидат превземени како административни службеници, тврди премиерот.
„Директорот Пауновски беше писмено известен во врска со оправданоста и начинот на распределбата, со тоа што тој не го прилагодил актот, што е дел на обврска. Со процесот на распределбата се решава децениски проблем. А превземањето на вработните нема импликации за буџетот, затоа што станува збор за лица кои земаат плата, а не одат на работа. Станува збор за законска обрска, за закон кој е донесен во декември 2020 година. Ова е овврска за сите, што се дел од институциите, особено за носителите на одговорните функции“, рече Заев.
Минатата недела премиерот рече дека ќе предложи разрешување на Пауновски, бидејќи, како што објасни, тој влегол во недозволив пркос, по што се кренаа на нозе пазарните инспектори, кои потпишаа петиција и побараа средба со премиерот Заев, на која ќе инсистираат да не биде разрешен Пауновски.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





