27 Април, 2024
0.1097

Заев до ССК: Бевме кабаетлии за прогресивниот данок, тоа и го признавме

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ денеска заедно со своите економски советници Митко Андреевеки и Фатмир Битичи дојде на гости кај бизнисмените од Сојузот на стопански комори. Целта беше да се слушнат нивните потреби и забелешки и тие да се вградат во економската програма на СДСМ.

„Влегуваме во предизборен период, што да се направи за деловниот сектор, како да имаме економски бенефит. Тука сме да ги кажеме нашите ставови, што и треба на деловната заедница, што треба политичките чинители да интегрираат во својата програма“, рече Данела Арсовска, претседателка на СДСМ. 

Според неа, за приватниот сектор од големо значење е да има правна сигурност, функционален систем, ефикасна и ефективна администрација, за да се зголемат инвестициите и економскиот раст и развој. 

„Нашите добри идеи да се пресликаат и да не се изјаловуваат, како што сега се прави. Односно се случува да имаме добра идеја, која потоа ќе се разобличи, и потоа нема да ги даде резултатите“, рече Арсовска. 

Заев нагласи дека ќе има искрен пристап, во програмата да се вградат практични сугестии на бизнисмените. 

„Има многу што да работиме. Најголема забелешка од ССК досега беше тромовоста и трапавоста на администрацијата, скриените давачки и сивата економија, кои прават голем проблем на сите што работат легално на пазарот. Дојдов тука повеќе да слушам од вас, за ова да го вградиме во нашите програми, би сакале забелешките да ги добиеме написмено“, рече Заев.

Тој нагласи дека сакаат да учат од бизнисмените, бидејќи тие се практичарите. „Да ги преточиме вашите барања и укажувања во нашите програми, а не да дојдеме со готови програми. Затоа е најдобро да ги добиеме написмено“, рече поранешниот премиер.

Тој призна дека оваа Влада имала слабости во економијата.

„Имавме слабости и ги признававме, за носењето на праведниот данок - кабаетливоста беше на наша страна и тоа го признавме, не го издискутиравме и ненавремено го подготвивме. А бизнисот бара предвидливост“, рече Заев. 

Според Арсовска, еден од предизвиците е владеење на правото. 

„Тоа не е важно само за приватниот сектор, туку и за сите граѓани. Сивата економија, ефикасна и ефективна администрација, бидејќи секое непостапување значи губење на драгоцени средства во администрацијата. Европската унија е патот кој сите го посакуваме, бидејќи ни требаат сите работи што треба да ги спроведеме за да стигнеме до неа, а тоа е функционалност на институциите и владеење на правото“, рече Арсовска.

Според неа, годината ќе биде во знакот на политиката, а не на економијата. Компаниите сакаат да знаат што планираат политичките играчи, за да знаат во која насока да се движат, сакаат да имаат предвидливост. Доколку политичките чинители знаат што е за нивно добро, треба да се оттргнат од политиката. И да се оттргнат од политичкиот клиентелизам, светот веќе го вртат дигиталните технологии и паметните луѓе, претприемачите со добри идеи.

Според Заев, дојдовме до стадиум политичките прашања да се решени во државата. Но, за него е ризик ако се најавува поништување на Перспанскиот договор. 

„За мене беше потребна голема храброст за тој договор, но главната причина за него беше економијата“, рече поранешниот премиер.

Тој ќе оди на економијата како на главна карта. 

„Јас ќе одам на економијата, јас сум економист, дигнавме од минус 1,8 на 3,6 економски раст, иако и тоа можеби не е доволно. Лично ќе се посветам со огромна доминација на економијата, две работи доминантни, економија и трансформација. Граѓаните бараат правна држава заради подобрување на економијата“, рече Заев. 

За законот за јавно обвинителство утре очекува писмен предлог од ВМРО-ДПМНЕ. „Има надеж, добро се движат работите, треба да се обезбеди двотретинско мнозинство. Немаме многу време“, објасни лидерот на СДСМ.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра