26 Април, 2024
0.0411

ЗАЕВ: Да запрат критиките и навредите кон Тимоние

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Да запрат критиките и навредите кон францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, побара денеска премиерот Зоран Заев. 

Вели дека сега треба да се работи на тоа да ѝ се укаже на Франција да си ја провери својата одлука, а критиките не се правилен пристап. Според Заев, критики се непотребни. Вели дека иако некои ставови понекогаш не повредуваат, сепак мораме да градиме пријателство со стратешките партнери. 

„Тој работи како пријател на нашта земја да ги укаже сите свои детали. Понекогаш не им е лесно на амбасадорите да ги доловат правците од Министерството за надворешни работи каде се вработени, и од претседателот на државата, од премиерот, министрите и слично. Ние треба да работиме преку укажување на Франција да ја провери својата одлука, оти јасно ни кажа дека сега не е до нас, туку дека е до нив“, изјави Заев.

Премиерот се огради од пратеникот на СДСМ, Мухамед Зеќири кој во емисија на ТВ 24 синоќа изјави дека францускиот амбасадор се советува со поранешен советник на екс претседателот Ѓорге Иванов. 

„Мене ми е жал што главен брифер на Тимоние е човек кој е вмешан во многу спорни моменти наназад, а тоа е Синиша Алексовски кој беше советник за безбедност на Иванов“ – кажа Зеќири.

Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Спасов на Фејсбук напиша дека Тимоние навредува. 

„Ги напаѓаат Макрон и Тимоние, затоа што им кажувуваат дека не се доволни само реформи на хартија туку треба уште многу особено во судскиот систем и во борбата против корупцијата“, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Тимоние вчера ја бранеше одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да не дозволи Македонија да ги почне преговорите со ЕУ бидејќи, како што кажа францускиот амбасадор, Париз смета дека од една страна треба да се измени методологијата на преговори, а од друга страна државава не ги направила неопходните реформи. 

Тој нагласи дека само Договорот од Преспа не е доволен, а имало и маркетиншки трикови на оваа тема. 

Франција во Брисел стави вето и не дозволи Македонија и Албанија да добијат датум за преговори. Неизвесно е дали Макрон ќе го посети Скопје затоа што на 12 април во земјава ќе има избори, и Македонија за кратко ќе влезе во предизборен период. 

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица