13 Август, 2020
0.0290

Заев: Антикорупциска во моментов врши проверка на парите и имотот на сите членови на Владата

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2019

Зоран Заев, премиерот на Македонија, во видео-обраќање, критикувајќи го правосудниот систем, објави дека во моментов Државната комисија за спречување на корупцијата врши проверка на парите и имотот на сите функционери на Владата.

- Се врши проверка на имотот и парите на сите членови на Владата, започнувајќи од мене, и тоа е во ред. Затоа, ја повикуваме државната комисија за спречување на корупцијата да започне постапка на проверка на имотот и парите на судиите и обвинителите веднаш. Комисијата има таква можност и ја охрабруваме да ја спроведе веднаш, рече Заев.

Тој додаде дека извршната власт на Антикорупциска и нуди помош со сите свои капацитети само да се провери детално имотната состојба на судиите и обвинителите, како и нивните семејства.

Порача дека треба да се испитаат и конфликтите на интереси и поврзаноста на судиите со адвокатите, застапниците и обвинителите на било кој начин во предметите кои ги водат.

Ги повика Судскиот совет и Советот на обвинители да ја преиспитаат одговорноста на судиите за застарувањето на предметите.

Заев најави и дека ќе се испитаат сите лекарски потврди и други наводни аргументи со кои се овозможило на обвинети, ососмничени и осудени да бидат во куќен притвор или да се зададат во бегство. Побара помош и од Европската комисија.

- Му дадовме шанса на судството, а од таму немаше резултати. Затоа судството ќе мора да се соочи со граѓаните, да се прочисти од нечесните и да се промени, додаде Заев.

Можеби ќе ве интересира

Талат Џафери свика седница за избор на претседател на Собранието

Талат Џафери свика седница за избор на претседател на Собранието

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски утре ќе му го даде мандатот на Заев, а Еуростандард банка ќе оди во стечај

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски утре ќе му го даде мандатот на Заев, а Еуростандард банка ќе оди во стечај

Женско тело е извадено од водите на реката Пчиња

Женско тело е извадено од водите на реката Пчиња

Кривични за скопјани кои славеле во време на пандемија

Кривични за скопјани кои славеле во време на пандемија

Кои градови се со најмалку активни случаи?

Кои градови се со најмалку активни случаи?

Кои скопски општини имаат повеќе од 100 заразени со Ковид -19?

Кои скопски општини имаат повеќе од 100 заразени со Ковид -19?

ССНМ: Државните институции да обезбедат безбедни услови за новинарите и медиумските работници

ССНМ: Државните институции да обезбедат безбедни услови за новинарите и медиумските работници

Филипче: Комисијата за заразни болести смета дека е огромен ризик aко училиштата целосно се отворат

Филипче: Комисијата за заразни болести смета дека е огромен ризик aко училиштата целосно се отворат

ПОВЕЌЕ ОЗДРАВЕНИ ОД ЗАБОЛЕНИ - 139 нови случаи, охриѓанец ја изгуби битката со короната

ПОВЕЌЕ ОЗДРАВЕНИ ОД ЗАБОЛЕНИ - 139 нови случаи, охриѓанец ја изгуби битката со короната