06 Мај, 2024
0.0222

Заедничката земјоделска политика на ЕУ 2014-2020 година во доменот на научните истражувања и иновации

Објавено во: Колумни 15 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Развивањето на конкурентно способно земјоделско производство, при зачувувањето на природните ресурси не е можно без искористување на научните постигнувања. Овој факт има уште поголемо значење во услови на климатски промени кои бараат технолошки, економски, политички и други решенија согласно намалување на емисиите на стакленичките гасови и приспособување на земјоделството кон новите услови. „Хоризонт 2020„ е нов програм на Европската унија за финансирање на научните истражувања и инвовациите за период 2014-2020 година. Програмираните средства за „Хоризонт 2020„ ќе бидат достапни за истражувачките институции, универзитетите, иновациски приватни компании и мали претпријатија. Полза од тоа треба имаат сите гранки на европската економија вклучително и земјоделството, рибарството, храната, здравството, транспортот, енергетиката (особено обновливата енергија) информатичките и комуникативните технологии. „Хоризонт 2020„ ќе ги насочува средствата во три клучни правци:
  • Поддршка на улогата на ЕУ, како светски лидер во областа на науката.
  • Обезбедување на водечки позиции за индустриите во областа на иновациите.
  • Решавање на важни проблеми за сите европејци во шест основни области: здравство, демографија и квалитет на живеење, прехранбена сигурност, одржливо земјоделдство, поморски истражувања и биоекономија.
„Хоризонт 2020„ е главен столб на „Сојузот за иновации„ – водечка иницијатива на стратегијата „Европа 2020„ за јакнење на конкурентската способност на Европа во светски рамки.Како неразделен дел од „Хоризонт 2020„ Европскиот институт за истражување и технологија ќе продолжи да има важна улога, кога ќе собере реномирани институции од високото образование, научно-истражувачки центри и различни претпријатија за градење на претприемачите на иднината и за гарантирање на светската конкурентност на европскиот „триаголник на знаење„. Научни истражувања и иновации во рамките на ЗЗП (2014-2020) Позицијата на Комисијата на ЕУ за развивање на земјоделството за период од 2013-2020 год. е, дека земјоделското производство треба да се зголеми за да може да се справи со предизвиците на растечкото барање на прехранбени производи. Таков пораст може да се оствари преку повеќе иновации и ширење на знаењето. Зголемените буџетски средства во однос на 2007-2014 год. треба да овозможат преку новото Европско партнерство за истражување и иновации да се формира база за вистинска стратегија за одржлив раст на земјоделската продукција и адаптирање на производството кон очекувањата на потрошувачите. Европско партнерство за иновации (ЕПИ) Светското и Европското земјоделство е исправено пред предизвиците на растечката побарувачка на храна (со 70% до 2050 година според ФАО) и  императивната потреба од ефективно користење на природните ресурси. Иницијативата, Европското партнерство за иновации (ЕПИ) е во договор тие нови приоритети во развивањето на Европското земјоделство, чија цел е да придонесе за пораст на производството во услови на одржливо земјоделство. Целта на ЕПИ е да создаде работно взаемно дејствување помеѓу земјоделските производители, науката, консултантските услуги и други заинтересирани страни за побрзо применување на научните постигнувања во практиката, како и да осигура обратна врска за потребите на производството од научни решенија за актуелни проблеми. Иновативните дејности ќе бидат реализирани преку две Европски политики:
  • Политиката на ЗЗП за развивање на селските реони, ќе треба да обезбеди кофинансирање за иновативната дејност на оперативните групи вклучително: фармери, истражувачки групи, консултанти, претприемачи и др. Клучните мерки се кооперирање, трансфер на знаења консултантски услуги, информативна дејност, инвестиции и развивање на бизнисот.
  • Политиката на ЕУ за истражувања и иновации ќе обезбеди научна база за иновативни дејствија. Предвидените дејности подразбираат прилог на истражувачки проекти, трасгранични и кластерни иницијативи, демонстративни и пилот проекти и поддршка на иновативните центри.
Заради ширењето на знаењата, мрежата на Европското партнерство за иновации треба да функционира како посредник (медиатор) кој ќе ја подобри комуникацијата помеѓу науката и практиката, и на тој начин ќе го олесни кооперирањето. Мрежата ќе поддржува создавање на оперативни групи, како и дејности преку спроведување на семинари, формирање на база на податоци и консултации. Определувањето на приоритетните дејности како и нивното финансирање ќе се остварува во рамките на постојните механизми – програми за рзвој на селските реони. Европската комисија ќе осигури создавање на мрежа на ЕПИ. Улогата на „оперативните групи„ е да се реализираат проекти насочени кон тестирање на примена на иновативни практики, технологии, производи и процеси. Во рамките на политиката за развој на селските реони проектите на оперативните групи ќе ги прилагодат националните програми за развој на селските реони, при што ќе комбинираат различни мерки кои се неопходни за успех на проектот (кооперирање, консултации, трансфер на знаења, инвестиции). На тој начин, дејноста на оперативните групи ќе биде дел од вообичаениот процес за реализација на програмата. Проф. Др. Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина