14 Декември, 2025
0.0609

Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство

Објавено во: Македонија, Балкан 21 Септември, 2023 14:38

Добивај вести на Viber

Има нови правила за добивање на бугарски пасош. Бугарскиот парламент изгласа нови правила за издавање пасош.

Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство. При поднесување барање за бугарско државјанство на основа на бугарско потекло, ќе се укине условот предок на апликантот да починал како бугарски државјанин, пишува бугарски Њуз. Лицето ќе треба да има чисто криминално досие и тоа не само во Република Бугарија, туку и во неговата земја на потекло, односно во земјата на живеење.

Новите услови важат за сите барања, освен ако Република Бугарија одлучи дека е во посебен интерес да му додели државјанство на тоа лице или кога лицето има посебни заслуги за истото.

Ново е и тоа што ќе може да се поднесе барање за државјанство по однос на натурализација, а лицето ќе треба да поднесе молба за откажување од тековното државјанство. Се предлага да се скрати периодот за поднесување документи за ослободување од друго државјанство, како и да се унифицираат условите за стекнување бугарско државјанство при брак со бугарски државјанин, со воведување на услов за тригодишен период на вонбрачна заедница, но кој нема да биде применлив доколку се покаже дека бракот е фиктивен, – во таков случај бугарското државјанство ќе биде одземено. Планирано е лицата кои се стекнале со бугарско државјанство да ги добијат уверенијата на посебна официјална церемонија според предлог-законот на Радомир Чолаков и група народни претставници.

Македонци, Срби, Молдавци, Украинци, но и Руси и Турци добиваат бугарски државјанства. Целта е да си го олеснат движењето во европските земји. 

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина