ЗАД СЕБЕ ОСТАВИ СОПРУГА И ДВЕ ДЕЦА: Загина српски воен падобранец
Објавено во: Балкан 29 Април, 2025 22:47
Загина српски воен падобранец.
Припадник на 63-та падобранска бригада, виш водник прва класа Милан Станковиќ, почина вечерва во Воената болница во Ниш од повредите здобиени при скок со падобран на воениот аеродром „Михајло Петровиќ“ во Ниш, потврди Министерството за одбрана на Србија.
По слетувањето, Станковиќ е итно реанимиран и пренесен во болница, каде што, и покрај брзата реакција и напорите на лекарите, им подлегнал на повредите околу 19 часот. Началникот на Генералштабот на српските вооружени сили нареди формирање комисија за утврдување на околностите на вонредниот настан.
Телеграф пишува дека Станковиќ е роден на 25 декември 1983 година и дека е во српската армија од 2005 година. Зад себе остави сопруга и две деца. Министерот за одбрана Братислав Гашиќ и началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, испратија телеграми со сочувство до семејството на починатиот Станковиќ.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




