06 Декември, 2025
0.0327

За утре угостителите најавија протест, Николовски шести пакет мерки: Ќе најдат ли разбирање

Објавено во: Економија 19 Април, 2021 07:00

Добивај вести на Viber

Се подготвуваа за протест во вторник, но за истиот ден се најавува седница на која Владата треба да изгласа нова помош за поддршка на најпогодените сектори, тие кои беа затворени и во овој последен рестриктивен период. За протестот утре пред Министерството за финансии, туристичко-угостителската комора тврдеше дека е поради исклучително тешката состојба во која се моментно и испорачаа неколку барања на кои инсистираат. Сепак синоќа во телевизиско гостување, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски најави дека во вторник, на следната владина седница, ќе биде предложен новиот пакет мерки кои ќе ги опфати сите субјекти кои беа затворени во изминатите 14 дена.

„Ќе бидат донесени, нови десетина мерки во интерес и на компаниите и на граѓаните, најави Николовски. 

Инаку денеска треба да се одлучи дали ќе продлжат рестрикциите кои истекуваат утре а според кои не работат угостителските објекти, фитнес салите и обложувалниците, освен со пулт за наплата. Од туристичко-угостителската комора на Македонија најавувајќи го протестот рекоа дека признаваат само директни неповратни грантови, бидејќи банките и извршителите веќе започнале да им го одземаат имотот. Протестот требаше да започне во 12.00 часот и да трае до прифаќање на барањата за помош на секторот угостителство.

„Бараме еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година. Еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, и кои со месеци немаат никаква помош

Утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, се додека не ни дозволи владата да работиме без рестрикции за нашиот сектор“, се вели во одлуката на комората.

Дали најавата за нови мерки ќе смени нешто и дали ќе има протест ќе биде јасно денеска.

Претходно и туристичките агенции најавија дека ќе се придружат на овој протест.

Проблемот со кој се соочуваат туристичките агенции е континуиран и се однесува на немање можност за работа, плаќање на режиски трошоци и трошоци за плати, без да се остваруваат никакви приходи. Заради тоа што сме дел од економијата на нашата земја во која придонесуваме и сме дисциплинирани во плаќање даноци и такси во нормални услови на живот и работа, инсистираме да ни се помогне да опстанеме во овој тежок период за нас и да не се дозволи секторот туризам да се уништи и да згасне, изјави Ана Марија Алексова.

А.Т.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?