ЗА ТРИ ДЕНА ПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА НА ДЕЦАТА: Родителите со аргументи ЗА, но повеќето против
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2021 07:17
На само три дена
пред почетокот на вакцинацијата на младата популација од 12 до 16 години,
реакциите на родителите се поделени, но сепак доминира мислењето дека оваа
популација не би требало да се вакцинира против корона вирусот. Иако
епидемиолозите сметаат дека и децата се важна алка во создавањето на
колективниот имунитет против Ковид-19, за кој е потребно нешто над 70 проценти
имунизирано население, а со појавата на делта варијантата, стапката е дури и
околу 80 проценти, родителите се на мислење дека се додека не поминат повеќе
години од пандемијата и не се добијат релевантни студии направени врз основа на
вакцинацијата на децата, ова треба да почека. Фактор консултираше некои од
родителите чии деца влегуваат во оваа возраснба категорија, но и родители на
деца кои се помали. За некои од нив, досега направените клинички студии во
светот, во земји каде се одвива вакцинацијата на децата, се сосема доволен
показател за да се одлучат да го вакцинираат и своето дете.
-Се согласувам со вакцинацијата на децата, бидејќи според досегашните клинички студии до повеќе земји, досега не е изнесен податок за негативни ефекти или некакви штетни последици од вакцината на Фајзер која се користи за имунизација на најмладите. Сметам дека користа од вакцината е дефинитивно поголема отколку сериозните последици кои ги остава корона вирусот. Мојата 19-годишна ќерка веќе ја прими првата доза од Фајзер, а по користењето на летниот одмор ќе одиме да ја вакцинираме и мојата помлада ќерка која има 14 години. Девојчињата и сами инситираат на вакцинација, особено што секојдневно читаат разни информации и студии кои ги нуди Интернет. Лично сметам дека ова со самото тоа што веќе сме вакцинирани и јас и сопруигот, во голема мера придонесуваме во брзо сузбивање на пандемијата на Ковид-19, вели Ф.Н. од Скопје.
Од друга страна, пак, други родители со кои разговараше Фактор имаат сосема спротивно мислење и се на ставот дека децата не треба да се популација која треба да ја затвори вратата на Ковид-19.
-Сметам дека децата не треба да се вакцинираат само заради тоа што треба да го затворат тој круг на опстојување на вирусот и на нив да се гледа како на една демографска група што треба да му затвори уште една врата на Ковид-19. Генерално, мое мислење е дека оваа возрасна категорија лесно минува со пандемијата и треба да останат понастрана од имунизацијата, вели К.С. од Скопје.
Има и родители кои не се против вакцинацијата на децата, но дека не треба да се брза. Велат дека е добро да помине извесен период соп цел да се добијат цврсти докази за влијанието на вакцината врз детскиот организам.
-Не сум против вакцините, напротив и јас сопругот веќе примивме по две дози. Сeпак морам да кажам дека некако со извесна доза на резерва гледам кон вакцинирањето на децата. Ова само со една причина, а тоа е дека немаше доволно објавени научни испитувања за сите странични ефекти од вакцините особено за помладата популација. Сето тоа почна некако стихијно, наеднаш соопштија дека некои земји вакцинираат млади над 12 години со Фајзер/Бионтек и сега пребрзо се донесе одлука за вакцини и овде. Се согласувам дека и покрај тоа што кај децата Ковид-19 не правеше сериозни проблеми, тие како носители може да го шират вирусот, но некако кога станува збор за децата сепак помислувам два пати. Инаку јас имам помали деца (9 и 7 години) односно се на возраст за која сега не е препорачана вакцинацијата и искрено се надевам дека нема да има потреба да ги вакцинирам за некое време, односно ќе успееме како човештво да се избориме со вирусот и да помине пандемијата. За тоа секако вакцинацијата е најважна, но прво нека с евакцинираат постарите и хронично болните и работоспособното население, посочува за Фактор, М.Т од Скопје.
Инаку, вакцинацијата на децата во Македонија е дозволена веќе од понеделник и нема да има потреба од закажување терми. Имунизацијата против Ковид-19 нема да биде задолжителна, туку родителите со своите деца ќе може да се појават на пунктовите на доброволна основа. Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека вакцината на Фајзер, во овој моментов е единствена вакцина која е дозволено да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца, односно од 12 до 16 години.
Анита Буховски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





