ЗА СУМА ОД 1,55 МИЛИОНИ ЕВРА КУПЕНИ БЕЗМАЛКУ ЕДЕН ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „МАКПЕТРОЛ“ - кому му беа навистина потребни пари
Објавено во: Економија 30 Април, 2025 12:10
Берзата извести дека денеска поминала блок трансакција со акциите на „Макпетрол“, во која некој купувач за акции кои сочинуваат околу еден процент од капиталот на најголемиот нафтен дистрибутер во земјава платил сума од 1,55 милиони евра.
Всушност, се продала количина од 1.094 акции на „Макпетрол“, по цена од 87.232 денари за акција, што значи дека за оваа акционерска количина е платена вкупна сума од 1,55 милиони евра.
А, тоа одговара на 0,97 проценти од основната главнина на акционерското друштво, односно од вкупниот акционерски капитал.
Сумата по која се продадоа овие акции е многу пониска од онаа по која акциите се продаваат на редовниот пазар, односно на класичното тргување на берзата.
Па така, една акција на „Макпетрол“ вчера на редовниот берзански пазар достигна просечна цена од 106.000 денари за акција, додека, пак, денеска, се досега немаше тргување со акции на Макпетрол.
Најниската цена која ја имале акциите на Макпетрол во последниов период на редовното берзанско тргување е нешто над 99 илјади денари за акција.
Во последниов период на редовниот пазар се тргуваат прилично мали количини на акции, што упатува на тоа дека на денешниов блок продал некој кој имал посолиден пакет од 0,97 отсто, но веројатно и му биле потребни средства, па затоа решил да ги продаде своите акции топтан, но по цена прилично пониска од редовната берзанска.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




