28 Март, 2024
0.0264

ЗА СТАН, ЗА РЕНОВИРАЊЕ, ЗА БЕЛА ТЕХНИКА, СЕ БАРА КРЕДИТ ПОВЕЌЕ - за жал, ерата на евтините заеми изгледа заврши

Објавено во: Финансии 25 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Не запира растот на потрошувачките и станбените кредити. И покрај кризата, граѓаните не размислуваат дали да земат кредит за да задоволат некоја тековна потреба, или, пак, за да купат стан.

На крајот на април годинава домаќинствата во земјава вкупно должеле 1,744 милијарди евра, или за 8,3 милиони евра повеќе во однос на март, што значи задолжувањата растат за над осум милиони евра за потрошувачки кредити.

Потрошувачките кредити граѓаните најмногу ги користат за купување на предмети од бела техника, реновирање, школување, но некогаш и за купување автомобили.

Не запираат да растат и станбените кредити и тоа на крајот на април по основ на заеми за стан домаќинствата должеле 1,14 милијарди евра, што е во однос на еден месец претходно зголемување за 10,8 милиони евра. Тоа значи дека толку изнесува сумата на нови станбени кредити што се дадени само во април.

Станбените кредити најбргу растат, особено во последниов период откако граѓаните изгледа решија да инвестираат во купување станови, што неверојатно ја зголеми и нивната цена, достигнувајќи дури и до 1.300 евра во помалку атрактивните локации.

И кај кредитните картички има зголемување на задолженоста, така што по тој основ граѓаните на крајот на април должеле 165 милиони евра.

„Во април, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечен раст од 0,5 отсто и 1,0 отсто соодветно, при годишен раст од 6,6 и 15,4 отсто, соодветно. Кај автомобилските кредити и кредитите одобрени на кредитни картички, овој месец, е остварен раст од 2,3 отсто и 0,2 отсто на месечна основа, соодветно, додека на годишна основа се намалени за 10,0 и 2,8 отсто, соодветно. Негативните салда на тековните сметки, во април, се намалени за 1,5 отсто на месечно ниво, додека на годишно ниво бележат раст за 4,1 отсто. Кај кредитите одобрени врз други основи е забележан месечен и годишен пад од 2,4 и 34 отстосоодветно“, се вели во соопштението од централната банка.

Инаку, треба да се спомене дека во моментов каматните стапки на кредитите се најниски историски, но веќе почнуваат да одат по нагорна линија. Дел од банките веќе стартуваа со зголемување на каматните стапки, и на депозитите и на кредитите, што значи дека времето на евтините кредити заврши.

Причина е високата инфлација која ја принуди НБМ да ја зголеми основната камата, и тоа во два наврати, или вкупно за 0,5 процентни поени, така што таа сега изнесува 1,75 отсто.

Инаку, како што соопшти НБМ, на годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 10 отсто, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, кој е поизразен кај корпоративниот сектор.

Во април, вкупните кредити на домаќинствата се зголемени за 0,5 отсто на месечно ниво, како резултат на речиси подеднаков раст на кредитите во денари и во странска валута. На годишно ниво е забележан раст од 7,8 отсто, којшто во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“