15 Мај, 2024
0.0321

За што се донирале АЕК и директорот Димитријоски?

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

АЕК донирале пари за Велосипедската федерација на Македонија каде претседател е всушност Сашо Димитријоски, директорот на Агенцијата за електронски комуникации.

Од сметката на регулаторното тело се доннира пари и за Панорамското тркало кое официјално го гради Град Скопје. Невладината организација Евротинк, што ја следи работата на Агенцијата, предупредува дека со овој начин на работа, се отвора сомнеж за конфликт на интереси.

„Овој начин на донирање остава сомнеж за конфликт на интереси затоа што човекот раководи со двете организации, АЕК и Велосипедска федерација. Затоа процесот на донирање треба да биде транспарентен. Сега нема информации кој се аплицирал, на кој начин се избираат апликантите, ниту пак АЕК дава повратна информација што е реализирано со тие средства“, вели Горан Лазаров од Евротинк.

Според финансиските извештаи на Агенцијата, во текот на 2016 АЕК донирала над 3 милиони евра. Парите биле потрошени за изградба на Панорамското тркало, Зоолошката градина, имало донации за МТВ, Општина Гази Баба и Велосипедската федерација.

Оваа година АЕК има за давање уште 1.3 милиони евра, но не кажува дали ќе даде пари како донација за Панорамското тркало во Скопје, што во име на Град Скопје го гради ЈСП. За три години АЕК донирала 8.8 милиони евра, а најголем дел од парите се дадени за Панорамското тркало што, според првичната проценка, ќе чини околу 18.3 милиони евра.

Телекомуникациските оператори, од каде доаѓаат најголем дел од парите, изминатите години предупредуваа дека Агенцијата ги користи вишокот средства за цели кои не се развој на електронските комуникациски услуги и со тоа излегува од делокругот на својата работа. Тие бараа висината на годишните приходи кои ги има Агенцијата да бидат усогласени со висината на годишните административни трошоци, што пак од друга страна ќе значи поевтини сметки за телефон за граѓаните.

Дека АЕК троши пари за несуштински дејности, предупредува и Европската комисија во годишните извештаи за напредокот на Македонија.

Според финансиските извештаи на Агенцијата објавени на нејзината веб страница, во текот на 2016 АЕК донирала над 3 милиони евра. Парите биле потрошени за изградба на Панорамското тркало, Зоолошката градина, имало донации за МТВ, Општина Гази Баба и Велосипедската федерација.

Во 2015, АЕК донирала 4,5 милиони евра, а како што стои во извештајот, парите се дадени како донација на ЈСП за Панорамското тркало. Дел од парите, без да се назначи точно колку, се одвоени и за Специјалната олимпијада.

Во 2014, АЕК донираше 1,3 милион евра.

Можеби ќе ве интересира

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава

ВО ОДБРАНА НА Д-Р НИКО РИПНАА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Поврзувањето на името на д-р Беќаровски со вакви невистини за остварување политички цели е скандалозно и некоректно! Еве што пишува во нивниот демант

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат