19 Декември, 2025
0.0425

За руските медиуми победата на Украина на Евровизија е театар и провокација

Објавено во: Свет 15 Мај, 2022 19:45

Добивај вести на Viber

Руските медиуми ја оспоруваат победата на оркестарот Калуш на Евровизија и за нив тоа е „кукавичка провокација“, „политички натпревар“, „театaр“. 

Онлајн весникот ги пренесува изјавите на рускиот пејач Јудиф, кој учествуваше на Евровизија во 1994 година, според кои „победничката песна не е ремек дело, туку резултат на политиката“. Мислење го сподели и рускиот музички продуцент Јосиф Пригожин кој победата на Украина ја нарече „мал театар“. 

Јелена Драпеко, поранешна актерка која сега седи во Думата, исто така ја смета Украина за политичка победа. „За мене Евровизија одамна престана да биде пеачко натпреварување, сето тоа е политичка акција во која настапот на уметниците не е релевантен за победата“, изјави таа за Газета.ру.

Неколку медиуми веќе гледаат на 2023 година и се прашуваат што би можело да се случи доколку Украина не може да биде домаќин на Евровизија поради „специјалната операција“. Газета.ру и Риа Новости пишуваат за можноста натпреварот да се одржи во Велика Британија, како второпласирана.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова на Фејсбук ги сподели своите впечатоци:

„Ќе се согласите, без победата на Украина на Евровизија, сликата за тоа што ѝ се случи на оваа земја не би била целосна. Народни носии и музички инструменти, бабарога на жици, брејк денс и извици за Азовстал. Овации од Европа“, напиша Захарова.

Украина синоќа победи на Евровизија со песна која е посветена на сите мајки. 

Победници се „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Стефанија“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 40 земји-учеснички.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела