05 Декември, 2025
0.0766

ЗА РАСВЕТЛУВАЊЕ НА УБИСТВО, ЗА ДРОГА, НО И ЗА ЗЛУОПОТРЕБИ ВО СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА - лани помалку се следело и снимало, ама таргет биле повеќе криминалци

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2021 07:31

Добивај вести на Viber

Помалку криминални случаи се докажувале преку снимање телефони и други посебни истражни мерки, но биле следени поголем број криминалци. Или попрецизно, се следеле и се снимале повеќе криминални групи, наместо поединци. Најмногу се следеле луѓе осомничени за дрога, потоа за злоупотреба на службената положба, но и за криумчарење мигранти.  

Ова го покажува Извештајот за посебните истражни мерки за минатата година подготвен од главниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Во овој документ се тврди дека во 2020 година со примена на ПИМ била зголемена ефикасноста на органите на кривичниот прогон во борбата  против организираниот криминал и корупција.

Еве што покажува статистиката на обвинителстворто за тоа колку и какви мерки се спроведувале.

Во 2020 година биле применети посебни истражни мерки во вкупно 67 случаи, против 404 лица со утврден идентитет, 22 лица со неутврден идентитет и 124 предмети на кривично дело.

За споредба, во 2019 година во сите основни јавни обвинителства применети се посебни истражни мерки во вкупно 103 случаи против 338 лица со утврден идентитет, 17 лица со неутврден идентитет и 313 предмети на кривично дело.

Притоа, од обвинителството наведуваат дека овие бројки не треба да се земаат здраво за готово, бидејќи најчесто во пракса не се применува ПИМ само по еден основ, односно во повеќето случаи се оди на комбинирање на повеќе видови на ПИМ мерки.

„Забележително е дека примената на посебните истражни мерки во текот на 2020 година има тренд на намалување на бројот на случаи во однос на 2019 година, но затоа имаме зголемување на бројот на лица опфатени со мерките, што значи дека истите биле насочени кон организирани групи кои се занимаваат со криминал. По однос на случаите опфатени по вид на мерки, видно е зголемување кај мерката следење и снимање на телефонски и други електронски комуникации, и кај мерката тајно следење и снимање лица и предмети со технички средства надвор од домот или деловен простор означен како приватен, додека, пак, кај другите видови мерки има намалување“, се вели во извештајот на обвинителот.

Во него се нагласува и дека последните истражни мерки во најголем број на случаи се применувале за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и перкурзори, потоа кај кривично дело Злоупотреба на службена должност и овластување, како и за кривичното дело Криумчарење мигранти, а потоа следат други кривични дела.

Инаку, ПИМ мерките во случајот на Обвинителството за гонење на организиран криминал биле водени за 35 случаи, од кои во 15 случаи јавното обвинителство се јавува по сопствена иницијатива, додека во 20 случаи иницијативата потекнала од Министерството за внатрешни работи.

Обвинителот Јовески во овој извештај наведува и дека примената на овие мерки во 2020 година била поефикасна, времетраењето на следење било намалено и поголем број случаи завршиле со понатамошно процесирање, отварање на истрага и подигнување на обвинение. 

„Потребата од овој вид на мерки за обезбедување докази, се потврдува и со фактот што значителен број истраги во кои биле користени, завршиле со покренување обвинение и осудителни пресуди“, објаснуваат од Обвинителството.

Оттаму даваат и точни показатели која мерка во кои случаеви и против кои лица се користела.

Првата мерка, следење и снимање на телефонските и други електронски комуникации, била применета во вкупно 54случаи, против 196 лица со утврден идентитет, и за 22 предмети - односно телефонски линии кои ги користат непознати лица во моментот на спроведување на мерката. Во четири случаи примената на мерката траела до еден месец, во еден случај до два месеци, во 19 случаи до три месеци, во четири случаи до четири месеци, во еден случај до пет месеци, во два случаи до шест месеци и во пет случаи до осум месеци.

„Како резултат на доказите прибавени од примената на посебните истражни мерки во 12 случаи  против 39 лица се донесени Наредби за спроведување на истражна постапка, во 5 случаи е запрена истражната постапка бидејќи не се обезбедени доволно докази, против две лица се поднесени обвинителни акти и во 12 случаи мерката е во тек“, се вели во извештајот.

А, еве за какви кривични дела се применувала оваа мерка. Во еден случај се снимале телефони за да се разоткрие убиство, во 25 случаи за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, во еден случај за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, и за серија други кривични дела.

Покрај оваа, други ПИМ мерки кои се применувале биле следење и снимање во дом, затворен или заграден простор што му припаѓа на тој дом или деловен простор означен како приватен или во возило и влез во тие простории, потоа тајно следење и снимање на лица и предмети со технички средства надвор од домот или деловен простор означен како приватен, таен увид и пребарување во компјутерски систем, автоматско, или на друг начин пребарување и споредување на личните податоци, увид во остварени телефонски и други електронски комуникации, симулиран откуп на предмети, симулирано давање и примање поткуп, контролирана испорака и превоз на лица и предмети, користење на лица со прикриен идентитет за следење и собирање на информации или податоци и инфилтрирање во организирани криминални групи, отворање симулирана банкарска сметка, како и симулирано регистрирање на правни лица или користење на постојни правни лица за собирање на податоци.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер