26 Април, 2024
0.0381

За прв пат во корпоративна Македонија: „Унибанка“ ќе издаде перпетуална обврзница

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

„Унибанка“ ќе влезе во корпоративната историја на Македонија како прва компанија т.е. банка која издаде перпетуална обврзница. Нејзината вредност е 5 милиони евра, а ја купиле инвеститори во приватна понуда.

Комисијата за хартии од вредност денеска одобри издавање на перпетуална обврзница со која „Уни банка“ во приватна понуда за познати инвеститори. Со ова „Уни банка“ ќе добие свежи 5 милиони евра, а оваа хартија од вредност во иднина ќе може да ја збогати понудата на хартии од вредност на македонскиот пазар на капитал, затоа што оваа обврзница ќе може да се тргува на некој од пазарните сегменти на Македонската берза за хартии од вредност.

Во соопштението на Комисијата за хартии од вредност пишува: „Комисијата го призна како хартија од вредност е препознаен во легислативата од доменот на банкарството и во моментов во Република Македонија може да биде издаден само од банка. "УНИ банка" АД Скопје за овој инструмент ќе побара прием на котација на "Македонска берза" АД Скопје, со што ќе се збогати понудата на пазарот на хартии од вредност. Перпетуалната обврзница е веќе прифатена на пазарите на капитал во развиените држави, пред сѐ од страна на институционалните инвеститори.“

Во интервју за „Фактор“ Владислав Хаџидинев, извршниот директор на „Унибанка“ рече дека се одлучиле за овој инструмент затоа што ги комбинира атрибутите на обврзниците и на акциите. 

-Малите акционери нема да бидат оштетени, напротив, овој вид на инструмент е и во нивна полза, бидејќи овозможува докапитализација на банката, раст на кредитите и добивката, вели во интервју за Фактор Владислав Хаџидинев, Извршниот и Главен директор за финансии на УНИбанка. 

Вели дека растот на добивката е клучен за раст на вредноста на банката. Банката предложи да издаде таканаречена перпетуална обврзница во вкупна вредност од пет милиони евра по пат на приватна понуда, со годишна камата од 9 отсто во првите пет години. Хаџидинев вели дека обврзниците ќе можат да ги купат и домашни и странски инвеститори, а после тие ќе котираат на берзата па ќе бидат достапни и за повеќе вложувачи. УНИбанка има значаен раст годинава, а парите од овој капитален инструмент повторно ќе се користат за зголемување на кредитниот раст, рече Хаџидинев.

Кои се најважни атрибути на оваа обврница?

Обврзницата има пазарно својство и таа е пренослива што значи дека ќе може да се тргува на пазарот на капитал. Таа не е конвертибилна, таа не е обезбедена, но затоа има фиксна годишна каматна стапка од 9 отсто за првите пет години. После петта година каматната стапка е 11%. Вредноста на емисијата е 5 милиони евра во апоени од по 1.000 евра обврзница и наменета е за познати купувачи, а ќе се реализира со приватна понуда. Парите од продажбата на обврзницата ќе бидат вклучени основната главнина на банката, а ќе се наменат за поддршка на кредитниот пораст.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9