05 Декември, 2025
0.0797

ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Цената на нафтата во минус

Објавено во: Економија 20 Април, 2020 22:11

Добивај вести на Viber

За првпат во историјата цената на суровата нафта достигна еден цент за барел и отиде во минус.

Цената на суровата нафтата за испораки во мај денеска на берзата во Лондон падна пониско од еден долар, достигна еден цент и отидe во минус, откако снабдувачите започнаа да плаќат за испораки во мај, за да можат да ги ослободат терминалите.

Рокот на испораките за мај истекува утре, и според познавачите обесценувањето на мајските испораки е поради тоа што нема купувачи кои се подготвени да ги примат испораките кои започнуваат од 21 април.

Сепак, испораките за јуни не поефтинија толку ниско. Западно-тексашката лесна нафта за јуни се продава за 22.67 долари за барел, додека „Брент“ чини 26.60 долари за барел.

Падот на цените на суровата нафта е поради растежот на количините на складирана суровина – капацитетот на терминалите е искористен максимално затоа што нема купувачи.

Земјите од ОПЕК+ на 12 април договорија намалување на вадење на нафтата за 9.7 милиони барели дневно во мај и јуни. Договорените страни очекуваат намалувањето да се зголеми до 19 милиони барели дневно откако од 1 мај ќе се приклучат и САД, Канада и Норвешка


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?