14 Декември, 2025
0.0690

За помалку од еден час закажани и направени над 300 бесплатни кардио прегледи од Клиника Жан Митрев

Објавено во: Мои пари 30 Септември, 2023 11:32

Добивај вести на Viber

Клиниката Жан Митрев како општествено одговорна компанија традиционално и оваа година дава свој придонес кон одбележувањето на светскиот ден на срцето 29 Септември. За помалку од еден час беа закажани и во текот на денот направени над 300 бесплатни кардио прегледи од страна на 11 доктори од врвниот тим на Клиника Жан Митрев.

„Ние веруваме во свет во кој здравјето на срцето е основно човеково право и клучен елемент на глобалната здравствена правда, затоа на овој ден сите наши кардиолози на трите локации во Скопје, Струмица и Битола извршија бесплатни кардио прегледи. Прегледите вклучуваа проверка на притисок, ЕКГ, ЕХО на срце и секако им беа дадени совети во насока на превенција и здрав живот. Преку овие активности ние како клиника се трудиме да ја зголемиме свеста кај широката популација и да промовираме превентивни мерки за намалување на бројката на срцеви заболувања и мозочни удари во земјата”, велат од Клиника Жан Митрев.

Активностите на Клиника Жан Митрев продолжуваат и оваа сабота во Скопје во Градскиот парк на Школка, како поддршка на заедничката акција во организација на Институтот за јавно здравје и организацијата Здрава Иднина, на која ендокринолог и кардиолог од клиниката ќе прават бесплатна проверка на притисок и шеќер на граѓаните. А во Жан Митрев дијагностик покрајспроведувањето на акцијата за бесплатни кардио прегледи имаа иорганизиранаедукативнапосета од  ученици од 3-1одделениеод ООУ "Коле Канински" - Битола. 

Креиран од Меѓународната федерација за срце, 29 Септември ги обединува луѓето од сите земји и средини во борбата против товарот на КВБ и инспирира и поттикнува меѓународна акција за одржување на здравјето на срцето. Фокусот е на информирањето на луѓето ширум светот, дека кардиоваскуларните болести (КВБ), се водечка причина за смрт и одземаат 18,6 милиони животи секоја година. Целта е и да се поттикне акција за едуцирање на луѓето дека со контролирање на ризик факторите како: употребата на тутун, нездравата исхрана и физичката неактивност, може да се избегнат најмалку 80% од предвремените смртни случаи резултат на срцеви заболувања и мозочен удар.


Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија