ЗА ПОМАЛКУ ДА СЕ ГИНЕ ПО ПАТИШТАТА, ќе се формира нова Агенција, „скроена“ првата верзија на законот
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2022 07:31
Идејата за формирање Агенција за безбедност на сообраќајот ги добива своите „контури“. Нацрт законот за основање Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата (АБСП) е направен и поставен на платформата „ЕНЕР“. Со ова се отвора патот кон формирање на Агенцијата која министерот Бочварски ја најави како модел кој ќе придонесе да се подобри безбедноста на патиштата во земајва.
- Со овој закон се уредуваат основањето, надлежностите, организацијата, начинот на вршење на работата, управувањето со Агенцијата. Ги утврдува изворите на финансирање на Агенцијата и надзорот над нејзиното работење. Агенцијата се основа за да врши развојни активности и технички работи, во областа на безбедноста во сообраќајот на патиштата. Агенцијата е надлежна за подобрување на функциите во управувањето со безбедноста на сообраќајот на патиштата и тоа за остварување на целите за намалување на сообраќајните незгоди, контрола и превенција на сообраќајните повреди, евиденција и следење на сообраќајните повреди, размена на податоци, координација, учество во подготовката на релевантните правни акти, распределба на средства и ресурси, промоција, следење и оценка на остварените резултати, истражување и развој и пренос на знаења – се наведува во нацрт законот.
Согласно одредбите во нацртот, Агенцијата ќе биде самостојна во својата работа, со статус на правно лице ќе се стекне по регистрација во Централниот регистар, а за своето работење одговара пред Владата на Македонија.
Меѓу надлежностите на АБСП ќе биде редовно собирање податоци и анализа на состојбата со безбедноста на сообрќајот. Вработените во Агенцијата исто така ќе имаат обврска за воспоствување, развивање, управување и промоврирање со интегрирана база на податоци за сообраќајни незгоди, ризици за незгоди, повреди и други обележја значајни за безбедноста во сообраќајот.
- Подготовка на предлог Национална стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и Акциски план за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата кои ги усвојува Републичкото координативно тело предвидено со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Подготовка и реализирање на целите на Националната стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата. Следење на спроведувањето на мерките и активностите од Акцискиот план за унапредување на безбедноста во сообраќајот. Информирање на Владата за своите активности, особено за реализацијата на Националната стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Подготовка на предлог петтогодишна програма за научно-истражувачка работа во областа на безбедноста во сообраќајот кој Владатаго усвојува - се меѓу обврските на идните членови на Агенцијата.
АБСП ќе бидат задолжени за поддршка на единиците на локалната самоуправа во областа на безбедноста, со следење, помош и насочување на работата на локалните координативни тела, а ќе биде задолжена и за организирање на стручни обуки заради постојано стручно усовршување на знаењето на ревизорите и инспекторите за безбедност во сообраќајот на патиштата. Агенцијата ќе треба да следи и иницира носење нови акти важни за подобрување на безбедноста во сообраќајот, како и обудки на здравствените работници за евиденција и документирање на сообраајните повреди. Посебен член од законот е планиран за активности поврзани со безбедноста на возилата, како и за усогласување со Европската унија и друга меѓународна соработка.
Планот е Агенцијата да почне со работа по именување на Управниот одбор и директорот, а Владата треба да го именува УО во рок од 30 дена од влегувањето во сила на законот.
За формирањето на Агенцијата, на крајот на минатата година зборуваше и министерот за транпорт и врски, Благој Бочварски, кој потенцираше дека целта на Агенцијата е создавање на модели за координација на активностите за подобрување на безбедноста на патиштата, преку безбедна инфраструктура, квалитетни обуки на возачите, проценки кои се безбедни возила кои можат да се вклучат во сообраќај, обуки на службите за реакции по сообраќајни несреќи и сет други мерки кои значително ќе ја зголемат безбедноста на патиштата.
- При разработка на моделите на формирање на ова тело земени се примери од соседните земји каде веќе функционира овој тип на тело, на пример од Србија и Словенија каде бројот на несреќи значително е намален – посочи Бочварски.
Во изработката на законот покрај МТВ биле вклучени и Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за Економија и други државни институции.
Петранка ОгнаноскаМожеби ќе ве интересира
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6




