27 Септември, 2020
0.0231

ЗА ПЦР ТЕСТОВИ ВО ПРИВАТНИТЕ ЛАБОРАТОРИИ СЕ ЧЕКА ДВА-ТРИ ДЕНА: Зголемен бројот на граѓаните кои патуваат во странство на одмор

Објавено во: Македонија 13 Август, 2020

Корона вирусот ги спречи масовните патувања ова лето, но, сепак има граѓани кои својот годишен одмор го користат во странските туристички дестинации. Паѓаат во очи туристичките аранжмани од страна на агенциите на кои е наведено каде е потребен негативен ПЦР тест, а каде не е потребно да се прикаже овој здравствен документ. И покрај ограничувањата, интересот да се отпатува некаде е голем, па од неколкуте приватни лаборатории со кои контактираше Фактор советуваат сето тоа да биде навреме планирано, за да може и навреме да се добијат резултатите од тестовите.

Среќко Рајовски, шеф на лабораторија за молекуларна дијагностика во „Аџибадем Систина“, за Фактор вели дека побарувачката за тестови е голема. Граѓаните затоа треба да си закажат на време, но во болницата има и итен тест за кој резултатите се издаваат за неколку часа. Во Аџибадем Систина, единствени во регионот имаат два типа на PCR-молекуларни тестови од кои едниот е брз тест.


-Во најсовремена лабораторија која работи според светски признaени стандарди со сите безбедносни протоколи, резултатите од брзиот молекуларен PCR тест се изработуваат за два часа. Станува збор за молекуларен PCR тест со највисока сензитивност, за брза детекција на специфичниот таргет-ген на коронавирусот и чини 12000 денари. Итниот PCR тест е наменет и за пациенти на кои им е потребна итна хоспитализација.Исто така, во „Аџибадем Систина“ се изведува и стандарден PCR молекуларен по цена од 3950 денари доколку резултатот биде издаден за 24 часа, или 6000 денари доколку резултатот биде издаден истиот ден. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е и единствената болница во Македонија во која се прават три вида тестови за Ковид-19. Освен двата типа PCR молекуларни тестови, во „Аџибадем Систина“ се прават и брзи серолошки тестови по цена од 1200 денари кои го утврдуваат присуството на антителата IgG I IgM кои во телото се создаваат по контакт со вирусот, вели Рајовски, шеф на лабораторија за молекуларна дијагностика во Аџибадем Систина. 

Додава дека и двата типа PCR-молекуларни тестови се прифатени и поддржани од СЗО, и дека се патентиран и докажан златен стандард кој овозможува сензитивност и точност на резултатите со највисок процент. При тестирањето треба да се запазени сите фази од процесот на PCR-методата - точни анамнестички податоци на пациентот, индикациите, доставување соодветен примерок за изработка и целосно почитување на преданалитичка и аналитичка фаза од процесот.

Тој нагласува дека тестирањата се вршат два до три дена откако граѓаните ќе закажат, но итен тест може да се направи и истиот ден. Во болницата лабораториски се прави и брзиот серолошки тест за докажување на присуство на антитела IgG и IgM кои се важни дијагностички маркери и показатели на имунолошкиот статус –имуниот одговор на пациентите кои имале претходен контакт со коронавирусот

Горан Кунгуловски, техничкиот директор на Био Инжинеринг и раководител на лабораторијата за персонализирана медицина во Клиничката болница Жан Митрев за Фактор вели дека и тие имаат вонредно тестирање, веќе истиот ден или во термин по нивен избор.

Во однос на тоа дали постојат различни типови тестови, и доколку има која е разликата меѓу нив, Кунгуловски истакнува дека лабораторијата за генетика и персонализирана медицина, нуди RT-PCR базирани тестови коишто имаат CE-IVD сертификати и се наоѓаат на листата на вонредна употреба на СЗО и/или FDA.

-Со овој тип на тестови, директно се детектира присуството на вирусот во примерокот од нос и грло. Нашата лабораторијата, покрај своите дијагностички пристапи е единствената приватна лабораторија којашто извршува и научно-истражувачка дејност. Имено, лабораторијата е првата којашто го секвенционираше геномот на новиот коронавирус (SARS-CoV-2) од македонски пациенти и откри дека “македонскиот сој” на вирусот полесно се пренесува од “Wuhan-скиот сој”. Во склоп на својата научно-истражувачка дејност лабораторијата исто така разви брз тест за детекција на коронавирусот со примена на реверзно-транскриптазна јамково посредувана изотермална амплификација (RT-LAMP). Тестот е интерно валидиран на PCR-валидирани примероци од 503 пациенти и има одлична сензитивност на детекција од 100 вирусни копии во реакцијата. Слично како PCR и RT-LAMP обавува директна детекција на вирусот во примерокот.Преку овој тест возможно е иницијалните резултати да се добијат од 12-80 минути, во зависност од вирусната концентрација кај пациентот. Лабораторијата е во контакт со овластените институции во однос на добивање на дозвола за работа со овој уникатен тест.​ Во Клиничката болница Жан Митрев, исто така се извршуваат и тестови преку кои може да се открие мината инфекција со вирусот преку детекција на присуство на IgG антитела. За да се изврши еден RT-PCR тест во оптимални околности (пандемијата не претставува оптимална околност) потребни се минимум од 3 часа. Бидејќи издавањето на резултати е еден комплексен и мултидисциплинарен организациски процес во којшто се инволвирани лаборантски техничари, администратори и молекуларни биолози, добивањето на резултати зависи од бројот на тестови во тековниот ден. Со број на извршени 200-300 на дневна основа, 99% од резултатите се добиваат истиот или најдоцна следниот ден, потенцира Кунгуловски.

Истовремено информира дека во болницата не се нудат семејни пакети, но возможно е да се извршат групни pooling тестови, коишто го претставуваат најефективниот начин за скрининг од коронавирусот, а во однос на цената Кунгуловски истакнува дека информациите за сите различни тестови, понуди и попусти се достапни од нивните администратори, 24 часа во текот на денот.

Граѓаните може да направат тестирања доколку планираат да патуваат и во лабораторијата Биотек, од каде потенцираат дека цената на ПЦР тестот е цената на анализата е 3950 ден, но доколку сакаат да биде преведена на англиски, односно тестот е потребен за во странство, тогаш цената е 4.500 денари.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Нова уредба за наставата во училиштата денеска на Влада

Нова уредба за наставата во училиштата денеска на Влада

Првиот човек на Заводот за статистика: Добиваме податоци кои се помали од реалната вредност затоа што нема попис

Првиот човек на Заводот за статистика: Добиваме податоци кои се помали од реалната вредност затоа што нема попис

Денеска ќе има и сонце, од утре пак повеќе облаци и дожд

Денеска ќе има и сонце, од утре пак повеќе облаци и дожд

Први рестрикиции би биле забрана на јавни собири: Филипче исклучува карантин во моментов

Први рестрикиции би биле забрана на јавни собири: Филипче исклучува карантин во моментов

Животот на Борче, живот ли е? Емотивна сторија за човекот кој има многу љубов

Животот на Борче, живот ли е? Емотивна сторија за човекот кој има многу љубов

Ново видео фрла сенка врз инцидентот во Битола: Полицаецот не нападнал прв?

Ново видео фрла сенка врз инцидентот во Битола: Полицаецот не нападнал прв?

Филипче жали за смртта на медицинската сестра: Изрази сочувство

Филипче жали за смртта на медицинската сестра: Изрази сочувство

Доктор нападнал колега во кумановската болница: Нападнатиот доктор избегал низ прозорецот!

Доктор нападнал колега во кумановската болница: Нападнатиот доктор избегал низ прозорецот!

Невреме со многу дожд беснее попладнево во земјава

Невреме со многу дожд беснее попладнево во земјава