За да не платите казна од 200 евра, не заборавајте на оваа обврска во УЈП
Објавено во: Финансии 02 Јануари, 2018
Од наредната година ќе стапи на сила олеснувањето за пријавување на данок, но уште оваа година сепак граѓаните ќе мора сами до шалтерите на УЈП да поднесат даночна годишна пријава.
За сите приходи кои ќе ги остварите во 2018та УЈП за да ја олесни постапката ќе издава пополнета годишна даночна пријава а граѓните ќе треба само да ги потврдат или да ги корегираат податоците што ќе ги запишат даночниците во пријавата.
„Со измените на Законот за персоналниот данок на доход, од 1 јануари 2018 година се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход. Обврска да поднесуваат електронска пресметка имаат правните лица, односно исплатувачите на приходи, физичките лица-резиденти кои остваруваат приходи од други физички лица и приходи од странство и физички лица-нерезиденти кои остваруваат приходи од други физички лица во Република Македонија“, посочија од УЈП.
Од УЈП информираат дека со воведувањето на електронската пресметка (е-ППД) граѓаните за приходите што подлежат на оданочување, а се остварени во земјата или во странство, почнувајќи од 1 јануари, немаат повеќе обврска за поднесување аконтативни даночни пријави ПДД-АДП/ПИ, ПДД-АДП/КД и ПДД-АДП/ДП.
Од УЈП додаваат и дека со законските измени и новите даночни процедури за персонален данок, физичките лица што остваруваат приходи од продажба на сопствени земјоделски производи за приходите остварени почнувајќи од 1 јануари 2018 година, немаат обврска за поднесување пријава за регистрација на обврзниците што остваруваат приходи од земјоделска дејност.
Почнувајќи од 2019 година, Управата за јавни приходи ќе им издава пополнета годишна даночна пријава на граѓаните преку системот e-pdd.ujp.gov.mk за приходите што ќе ги остварат во 2018 година. Г
Доколку граѓанинот не поднесе годишна даночна пријава ќе се соочи со казна од 200 евра.