14 Декември, 2025
0.0677

За Македонците Србија и натаму е безбедна земја, не се плашат да патуваат по немилите настани

Објавено во: Македонија, Балкан 01 Јуни, 2023 07:20

Добивај вести на Viber

Во мај месец се случија два масакри во Србија, при што веста за овие трагични настани ја пренесоа не само медиумите во регионот, туку и пошироко.

Дури и Гардијан ја пофали брзата реакција на српскиот претседател Александар Вучиќ кој нареди разоружување на населението за да се спречат трагедии во иднина.

Српскиот експерт за безбедност, Божидар Спасиќ вели дека масакрите нанесоа удар на безбедноста во земјата, но објаснува дека тоа се изолирани и неорганизирани злосторства на поединци, со што вкупната безбедносна ситуација во Србија не е нарушена.

„Странците секако ги следат сите случувања во светот, па и во Србија и овие злосторства се сместуваат во оние кои секаде се случуваат и секаде можат да се случат. Странците исто така ја воочија и ефикасноста на српската држава во постзлосторничките настани и тоа се цени. Овде мислам на брзото апсење на убиецот, помагачите или на било кој начин поврзаните со убиството. Генерално, ова што се случи во Србија не ги разниша проценките дека е Србија безбедна земја, а тоа го покажуваат примерите дека не се откажуваат, туку се закажуваат туристички аранжмани од странците за нашата земја. Едноставно се случија настани какви се случуваат секојдневно во САД и во други земји во светот и во тој контекст треба да се гледа фактот дека  Србија е тажна и бесна поради тоа злосторство, а никој не можеше да даде проценка дека тоа ќе се случи затоа што извршителите се непредвидливи, а нивните жртви се не само наивни деца, туку и мети кои во светот на тероризмот не можат да се предвидат“, вели Спасиќ.

Ги прашавме граѓаните, дали овие настани придонесуваат да сметаат дека земја како Србија е небезбедна. Одговорот на повеќето граѓани е ниту едно општество не е имуно на насилство.

„Не би рекла дека земјата е небезбедна. Тоа не е ништо чудно, може секаде да се случи да има убиство“, вели Аница Стојковска, граѓанка.

Луѓето објаснуваат дека во многу земји во светот имало масакри и напади.

„За мене лично, не би рекла дека масакрите придонесуваат да мислам дека некоја земја е небезбедна. Тоа може секаде да се случи. Јас често одам во Босна, имам ќерка таму, така што поминувам низ Србија“, вели Даца Н. граѓанка.

Сметаат дека родителите треба повеќе внимание да посветат на младите, затоа што извршителите на масакрите во Србија, беа момче од 13 и момче од 21 година.

„Не знам како да кажам, но тоа не е убаво. Мене тоа ми влијае ако слушнам дека некаде имало масакр. Порано бевме побезбедни и послободни, но сега веќе не е така“,  вели Зорица М. граѓанка.

Tуристички видич од внатрешноста на Србија, објаснува дека ова е чувствителна тема, но дека ниту еден странски турист не споменал ништо во врска со масакрот кој се случи во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, каде момче уби 10 луѓе и рани неколку лица.

„Тоа не влијае. Во секоја држава може да се случи таков морбиден настан, но и во секое стадо има по една црна овца, така што не можеме сите луѓе да ги оценуваме исто“, вели Божена Вељковиќ, туристички водич кој живее во Белград.

По масакрите, имаше и престрелка во Белград, каде македонски држјанин кој се нашол на местото на инцидентот, се здоби со повреди и заврши во болница.

Сања Атанасовска

foto EPA

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија