16 Декември, 2025
0.1483

За компјутер од 20.000 денари, ДДВ е 1.000 денари: За што колкав данок ќе ни врати државата во Викенд без ДДВ

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2020 07:06

Добивај вести на Viber

Државата ќе им го врати на потрошувачите сиот платен данок на додадена вредност (ДДВ) за купените македонски производи и компјутери и за платените услуги за време на следниот продолжен „викенд без ДДВ“. Но за кои производи колкав ДДВ плаќаме, односно по колку пари ќе ни вратат? Законски ДДВ се пресметува со даночна стапка од 18 проценти, но има и повластена стапка од пет проценти по која се даночат повеќе производи и услуги – меѓу нив и храната, училишниот прибор, компјутерите. Кој производ во која категорија е? Облеката е со стапка од 18 проценти.

Фактор издвои дел од производите за кои плаќаме само пет отсто ДДВ колку и ќе ни биде вратен во текот на тие три дена. Компјутерите и софтверите за компјутери сепак се со повластена стапка на ДДВ – или пет проценти. Така ако еден компјутер чини 20.000 денари, за него сме платиле и 1.000 денари ДДВ. Толку и ќе ни бидат вратени откако ќе ја скенираме сметката во Викендот без ДДВ. Ако чини 10.000 денари државата ќе ни врати 500 денари. Со повластена стапка од пет проценти се даночи и храната односно производите за човечка исхрана. Пет отсто ДДВ плаќаме и на купените книги, публикации, весници, брошури, но и за лекови за лекување на луѓе и за лекови за ветеринарна медицина. Данокот на додадена вредност е со стапка од пет процентии и на учлишниот прибор. Сега почна учебната година, па ако пазарувате за време на Викендот без ДДВ и купите училишна торба (ранец), тетратка, молив, пенкало, блок, работна тетратка, боички, линијар, шестар, пластелин, острило, гума и коректор – за овие производи ќе платите ДДВ од пет проценти. Толку ќе ви бидат вратени.

Пет проценти данок се плаќа на  купената медицинска опрема, помагала и други уреди чијашто намена е за олеснување или третирање на инвалидност исклучиво за лична употреба од страна на инвалидни лица. Толкав данок се плаќа и на сурово масло, но и на бебешки производи меѓу кои и креветче, количка, транспортер, релаксатор, седиште за во возило, када, хранилка, цуцла, шише и пелени за бебиња.

Во законот за ДДВ стои дека со повластена стапка се даночат и пелетите, печки на пелети и котли на пелети,  топлинска енергија за греење. Од услугите толкав данок се плаќа и на услуги на сместување (ноќевање) или сместување со појадок, полупансион или полн пансион, во сите видови на комерцијални угостителски објекти. Тоа значи дека ако за време на Викендот без ДДВ одите некаде тогаш за сметките ќе ви бидат вратени пет отсто од сумата.

Фактор веќе пишуваше дека државата ќе го враќа целиот ДДВ во рок од 15 дена од скенирањето на сметките. Од друга страна сметките во тие три дена треба да се скенираат најкасно три дена по издавањето на сметката. „Викендот без ДДВ“ почнува од сабота, односно ќе трае на 10, 11 и 12 октомври (сабота, недела и понеделник). 

Инаку граѓаните имаат право на поврат на целиот ДДВ само до потрошени 30.000 по поединец. Треба да купат македонски производи и услуги односно само за тие се враќа целиот ДДВ, или компјутерска опрема. За останатите производи остануваат истите правила како до сега. Ако во тие три дена се потрошат над 30.000 денари, данокот за се што е над таа сума ќе биде вратен како досега, по истекот на тримесечјето. 

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи