За Грета Тунберг ќе биде снимен документарен филм
Објавено во: Свет 19 Декември, 2019
Ќе се снима документарeн филм за шведската активистка Грета Тунберг, а публиката ќе може да го гледа во 2020 година.
Филмот ќе се снима идната година. Приказната ќе почне од првиот ден од нејзината борба против климатските промени, при што ќе бидат опфатени сите нејзини активности, учество на протести, самити.
Работниот наслов на филмот е „Грета“, и ќе го режира Нејтан Гросман.
Угледното списание Тајм неодамна ја прогласи Грета за личност на годината, и таа е најмлада личност која го добила ова признание.
Претседателот на САД, Доналд Трамп во неколку наврати ја исмеа Грета.