26 Април, 2024
0.0352

ЗА БУГАРСКАТА „КРИПТО КРАЛИЦА“, НАГРАДА ОД 100.000 ДОЛАРИ: ФБИ ја стави Ружа Игнатова на листата на најбарани

Објавено во: Балкан 01 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Ружа Игнатова, позната и како „крипто-кралица“, се најде на листата на ФБИ со десет најбарани бегалци.

Американските истражители ја обвинија Бугарката дека измамила луѓе за повеќе од четири милијарди долари преку нејзината криптовалута „onecoin“. Таа исчезна во 2017 година, кога американските власти потпишаа налог за нејзино апсење.

Игнатова го водеше проектот „OneCoin“ и на почетокот на 2014 година на клиентите им понуди провизија доколку ја продадат криптовалутата на поголем број луѓе. Но, ФБИ тврди дека „onecoin“ бил безвреден и никогаш не бил заштитен со блокчејн технологијата што ја користат другите криптовалути.

ФБИ ја стави Игнатова на листата на најбарани бегалци, а се бара и помош од јавноста за да ја фатат. Вчера понудија награда од 100.000 долари за каква било информација за тоа каде се наоѓа „криптокралицата“, како што ја нарекоа.

Би-Би-Си наведува дека една од причините зошто Игнатова е толку тешко да се најде е тоа што исчезнала со најмалку 500 милиони долари, што и помогнало да се скрие од законот.

„Веруваме дека има висококвалитетни лажни лични документи и дека го променила изгледот. А можеби веќе не е ни жива“, изјави новинарот Џејми Барлет, кој со години го истражува целиот случај.

Игнатова последен пат била видена како се качува на лет од Бугарија за Грција во 2017 година и оттогаш се води како исчезната.

Како што пишува Индекс, Бугарката успеала дури да ја измами и поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, која заедно со уште една хрватска политичарка го поддржала Конгресот на претприемачи во 2017 година со компанијата „OneCoin“.

ФОТО: YOUTUBE/SCREENSHOT/ONECOIN

Можеби ќе ве интересира

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син