ЗА БРНАБИЌ ФАЈЗЕР- за Дачиќ и Вулин руската Спутник V

Објавено во: Балкан 06 Јануари, 2021
Откако премиерката на Србија Ана Брнабиќ ја прими фајзеровата вакцина, двајца високи функционери од таа земја денеска ќе ја примат руската вакцина против коронавирусот. Според соопштението на Владата на Србија, претседателот на Собранието, Ивица Дачиќ и министерот за внатрешни работи Александар Вулин, денеска ќе се вакцинираат со „Спутник V“.
Како што беше претходно најавено, оваа недела 2.400 граѓани ќе примат дози од руската вакцина против коронавирус.
Вакцинацијата во Србија стартуваше на крајот на декември кога пристигна првата доза од вакцината на Фајзер, а ја примија премиерката Ана Брнабиќ, министерката за труд и социјална политика Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и членот на кризниот штаб и епидемиологот Предраг Кон.
Можеби ќе ве интересира
СРБИЈА ГИ ЗАОСТРИ МЕРКИТЕ: Кафулињата, рестораните и трговските центри за викендот ќе работат до 14 часот

СЕ ШИРИ ЛАЖНА ВЕСТ ВО ХРВАТСКА: Сите новинари прашувале дали починала госпоѓата што прва ја прими вакцината

Доктор Славица ги разбива дилемите: Од што зависи јачината на имунитетот по примање на вакцината Aстра/Зенека

(ВИДЕО) СНИМЕН Е ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ДУБРОВНИК: Само еден човек се шеташе на улица

Србија го набавува лекот против ковид кој го користеше Трамп

Албанија ги заострува мерките, за викендот земјата ќе биде целосно затворена
