18 Декември, 2025
0.1060

ЗА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - БЛАЦЕ ДВЕ ГОДИНИ ПО РЕД СЕ ТРОШАТ „НУЛА“ ДЕНАРИ: Дел од него требаше да биде готов во август 2021 година

Објавено во: Економија 04 Јули, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие за државни патишта во 2023 и 2022 потрошило „нула“ денари на изградбата на автопатот Скопје - Блаце, иако одамна е започнат како оформен проект. Ова е објавено во годишниот извештај за работата на „Државни патишта“ за минатата година. Од вчера нов директор на „инвеститорот“ е поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, па можеби тоа ќе го забрза процесот.

Иако биле планирани милијарда денари, односно околу 16,4 милиони евра, на оваа автопатска делница во текот на минатата година не биле реализирани никакви средства. Договорот со Европска банка за обнова и развој за втората фаза од 10,5 километри од селото Блаце до Скопје е потпишан во јули 2022 во вредност од 186 милиони евра. Повикот за надзор и изведувач е распишан дури во 2023, но уште не се знае кои ќе бидат избрани како оператори што ќе работат на автопатот до Косово.

Во извештајот се зборува дека во тек се единствено вонпарнични постапки за определување на надоместокот за експроприран имот, постапка за трајна експропријација, се работело и на завршување на катастарската пренамена на земјоделско во градежно земјиште, на градежен елаборат и на проценки на вредноста на земјиштето.

Повикот за интерес за изведувачи е објавен на 13 јули 2023, значи точно пред една година, а неговото затворање ЈПДП постојано го одложуваше. Од она што тогаш за „Фактор“ го рекоа од „Државни патишта“ како објаснување е тоа дека поместувањата на роковите се на иницијатива на финансиерот - Европската банка за обнова и развој.

Европската банка за обнова и развој обезбедува заем од 167,6 милиони евра под гаранции од државата, додека проектот ќе биде кофинансиран со 20,8 милиони евра инвестициски грант обезбеден од Европската Унија (ЕУ) преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Автопатот Скопје-Блаце е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година на терен се одвиваат активности за првата фаза, во должина од 2,5 километри и требаше таа делница да биде готова до август 2021 година и да чини 17 милиони евра. Бидејќи работите не беа завршени, во јануари 2023 година беше потпишан нов договор со скопски „Гранит“, за завршување на изградбата, со краен рок до почетокот на 2026 година.

„Нула“ денари биле потрошени и за автопатската делница Кичево-Букојчани која е дел од Коридор 8 но вон проектот со „Бехтел и Енка“. И тука биле планирани 400 милиони денари, но ништо не е инвестирано. Од јавното претпријатие во извештајот велат дека во текот на минатата година бил само распишан повик за изведувач и надзор.

Најмногу пари биле потрошени во 2023 за проектот на „Бехтел и Енка“. На конзорциумот требало да му се префрлат 250 милиони евра според планот, но авансно му легнале само околу 210. За автопатот Кичево - Охрид биле потрошени околу 65 милиони евра, што е подобар резултат за 18 милиони евра во однос на 2022. А.К.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа