13 Мај, 2024
0.0244

WeTalkIT заедницата на млади IT ентузијасти, во соработка со Skopje Legal Hackers, го лансираат новиот проект наречен “Правен Калкулатор”.

Објавено во: Мои пари 26 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

WeTalkIT заедницата на млади IT ентузијасти, овој пат во соработка соSkopje Legal Hackers, денес официјално го лансираат новиот проект наречен “Правен Калкулатор”.

Со единствена цел да придонесат за позитивни промени во општеството и да им помогнат на своите сограѓани, тие ја изработија алатката „Правен Калкулатор“ како и мобилни апликации за користење на истата.  Главниот мотив зад овој проект е да им се помогне на  граѓаните полесно и попрецизно да ги пресметуваат трошоците за различни правни постапки.

Алатката овозможува пресметка на различни видови правни трошоци вклучувајќи адвокатски и нотарски тарифи, закон за судски такси, тарифа на катастар и останати тарифи кои до сега ви биле комплексни за толкување. Почнувајќи од продажба на недвижен имот, купопродажба со хипотека, се’ до присилна наплата на фактури, соПравниот Калкулатор ќе можете ориентационо да проверите колку би ве чинела некоја од овие постапки во Република Македонија и ќе може лесно да го испланирате својот буџет. Бидејки во реалноста постојат голем број на варијабли, калкулаторот не пресметува со 100% прецизност, меѓутоа естимира ориентациона вредност на постапката.

“Овие постапки се застапени секојдневно. Сите тие опфаќаат трошоци предвидени во различни тарифници, што претставува пречка за предвидување на тој трошок во буџетот кога се започнува било која од постапките. Затоа решивме да покренеме иницијатива за реализација на еден ваков општествено одговорен проект, за кој колегите од WeTalkIT со задоволство ни излегоа во пресрет. Тие се погрижија технички да ја реализираме оваа иницијатива, која веруваме дека ќе биде од голема помош.“ – велат од Skopje Legal Hackers.

Алатката е достапна на веб странатаwww.pravenkalkulator.mk како и во форма на мобилна апликација која може да се инсталира наAndroid иiOS мобилни телефони. Правниот калкулатор е многу лесен за користење и ќе ви овозможи лесно  да ги пресметате правните трошоци на чинење кои до сега ви претставувале проблем.

“Навистина ни е драго што бевме рамо до рамо со Skopje Legal Hackers при реализација на овој проект. Не’ радува што нашата заедница ги мотивираше и инспирираше младите правници да покренат иницијатива за креирање на оваа алатка, која веруваме ќе им биде од голема помош на сите наши сограѓани. Ги охрабруваме сите да ја користат алатката и се радуваме што како IT ентузијасти овозможивме да се создаде продукт кој ќе придонесе за доброто на граѓаните.” – велат од WeTalkIT

Следствено на првиот проект на WeTalkIT, кој беше реализиран по поводSuper Cup 2017 во Скопје, и овој проект е реализиран без никаков финансиски надомест за било која од двете заедници. Ве повикуваме да им се придружите на овие млади ентузијасти и да им помогнете во нивната цел да работат на општествено одговорни проекти.

“Калкулаторот може да се надградува со нови постапки, како и да се вршат измени во постојаните. Доколку имате идеи или забелешки ве молиме истите споделете ги на фан страната на Skopje Legal Hackers.”

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН