Вулканизери и стоматолози правеле ценовни картели во Македонија
Објавено во: Економија 14 Април, 2022 07:30
Комисијата за заштита на конкуренција минатата година била особено активна со казнувањето кога станува збор за нарушувањето на принципите на пазарната економија. Компании и организации биле глобени за формирање на ценовни картели и за злоупотреби на доминантни позиции.
Двете печатници од Кочани - Феникс Принт и Европа 92 кои од 2018 учествувале во картел на практична соработка помеѓу претпријатијата, наместо да бидат меѓусебни конкуренти. Европа 92 е казнета со 1.438.148, или нешто помалку од 24.000 евра, додека санкцијата за Феникс Принт е околу 500 евра.
Акционерското друштво „Грозд“ Струмица, производителот на алкохолни и безалкохолни пијалоци, во 2015 и 2016 ги уценувала договорите со дистрибутерите и со тоа си создал економска предност во однос на конкуренцијата. Со судска пресуда, лани претпријатието е казнето со 32.000 евра.
Две комуникациски компании се казнети лани со по 1.515.780 денари, или 25.000 евра, затоа што од 2015 до 2018 за три сезони склучиле договор за дистрибуција на канали на кои се прикажуваат фудбалските натпреварувања Лига на Шампиони и Лига Европа со забранета одредба, со што, според КЗК е предност во однос на конкуренцијата. Со судска одлука во периодот од 13.10.2009 година до 29.02.2016 година,телекомуникациска компанија го условувала склучувањето на договорите за трговско застапување, наметнувајќи прифаќање на дополнителни обврски, поради тшо е казнета со 1.801.194, или околу 30.000 евра.
Казнети се и Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП за доминантна позиција во периодот од 2011 до 2015 со 29.000 евра и Асоцијацијата за меѓународно колективно управување со правата од аудиовизуелни дела AGICOA од Женева со 75.000 евра за злоупотреба на позицијата.
Речиси сите вулканизери на територијата на Битола во 2019 донеле заеднички ценовник за вулканизерски услуги на кој ставиле сите свој печат со цел нарушување на конкуренцијата преку директно фиксирање на продажните цени на вулканизерски услуги. Поединечните изречени казни се движеле од околу две до околу 18.000 денари, а вкупната сума е 2.000 евра. Решението за глоба е донесено минатата година.
Меѓу донесените решенија за глоба, се казнува Здружението на приватни лекари поради ценовникот за услуги за приватни пациенти и приватни услуги, одлука со која директно или индиректно се фиксираат продажните цени на услуги за приватни пациенти и приватни услуги и поради тоа ирганизацијата е казнета со 282.761 денари.
Со 20.000 денари казнета е и Стоматолошката комора на Македонија поради правилник за референтни, заштитни (минимални) цени на услугите и изработките во стоматолошките здравствени установи кои пациентите ги плаќаат со лични средства во целост. Одлуката директно ги фиксирала продажните цени на пазарот на услуги и изработки во стоматолошките здравствени установи .
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри




