Вучиќ: Срамно е тоа што Македонија ги дала транскриптите од прислушуваните разговори
Објавено во: Балкан 30 Мај, 2017
Српскиот премиер во заминување, Александар Вучиќ, изјави дека е срамно тоа што Македонија ги дала транскриптите од прислушуваните разговори на лидерот на српската партија, на дипломат од Амбасадата на Србија во Македонија и новинар од Белград.
Тој рече дека не верува дека тоа го направила земјата, туку една западна служба, пренесува N1.
Вучиќ во последниот настап како премиер на ТВ Пинк се праша кои се тие медиуми кои објавуваат прислушувани разговори, и додаде дека во Србија такви работи немало додека тој бил на чело на Владата.
„Во Србија прислушувани разговори не се објавувани во медиумите во последниве години, барем не оние по 2012 година Се разбира дека ги има, во согласност со законот, но не и во медиумите. Одговорни земји се однесуваат на одговорен начин“- вели Вучиќ.
Вучиќ рече дека на изборите за претседател на Србија се кандидирал и победил за да го „спречи враќањето во минатото“, што сакале да го направат „тие кои земјата ја уништуваа и рушеа“.
Телевизијата N1 потсетува дека КРИК врз основа на наводните транскрипти од телефонските разговори, објави дека разузнавачот на БИА во Македонија Горан Живаљевиќ во проруски и други пропагандни активности соработувал со претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ и новинарот на „Политика“ и српски пратеник, Мирослав Лазански.