ВУЧИЌ СЕ ЖАЛИ ДЕКА НЕМА СИЛА: Објасни каква му е здравствената состојба
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2025 16:41
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Москва изјави дека сега се чувствува добро, но дека сè уште не ја вратил целата сила и дека терапијата што ја зема му е потешка, но дека ќе се навикне на неа и дека очекува сè да биде во ред.
„Се надевам дека ова нема да ми ја намали енергијата и амбицијата. Иако ми е малку потешко, имам малку помалку сила, брзина и енергија, но верувам дека сè ќе биде во ред во деновите и неделите што доаѓаат“, изјави Вучиќ, пренесе Телеграф.
Тој додаде дека негова работа е да се бори за народот на Србија и дека ќе продолжи да го прави тоа со онолку сила и енергија колку што има, но дека верува дека сè уште има многу, многу повеќе од оние кои можеби се во подобра физичка состојба од него.
„Затоа што тоа е нешто што и Бог ви го дава, но нешто што сами го одредувате како задача со која одите пред луѓето, пред светот, да се борите и никогаш да не се откажувате, за да нема откажување“, рече Вучиќ.
При посета на САД неодамна му се слоши, по што беше неизвесно дали ќе замине во Москва за Денот на победата. Латвија и Литванија му забранија прелет, но тој сепак стигна во Русија, а неговиот авион попат слета во Баку, Азербејџан. Над 20 лидери ќе присуствуваат на церемонијата во Москва.Можеби ќе ве интересира
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка




