ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ: Oбезбедивме струја и гас, луѓето да се шетаат по дома по гаќи и маици
Објавено во: Балкан 17 Ноември, 2022
Обезбедивме струја и гас граѓаните по гаќи и маици да се шетаат дома, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ изјави дека во средата се потрошени 11 милиони кубни метри гас и 2,6 милиони кубни метри гас од резервите лоцирани во Унгарија, пренесе Н1.
Вучиќ рече дека се работи за голема потрошувачка на температура од 15 степени.
„Успеавме да обезбедиме луѓето да имаат и струја и гас, да се шетаат по дома со гаќи и маици, никој да не носи џемпер, бидејќи температурите се 22 и 23 степени или 25 степени“, рече Вучиќ.
Но, вели дека наидува на отпор кога државата одлучува да работи некаде на ветерници и соларни електрани.
фото Фејсбук