Вучиќ: Македонија ќе добие само пофалба
Објавено во: Балкан 22 Мај, 2018 13:35
Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека Македонија и албанија се во многу незавидна ситуација пред Самитот на Советот на Европа на крајот на јуни.
Наспроти оптимистичките очекувања од македонската влада за датум за почеток на преговори, Вучиќ прогнозира дека Македонија, како и Албанија, ќе добијат само тапкање по рамо.
-Македонија и Албанија се во многу незавидна ситуација, како што се претпоставува во јуни ќе бидат некако пофалени „да не се каже дека е катастрофа и дека ништо не добиле“ но нема да им се дозволи да ги отворат поглавјата“, изјавил српскиот претседател пред новинарите во Баку каде е во официјална посета.
За Србија, Вучиќ рече дека не се знае дали ќе остане 2025 година како рок за влез на земјата во Европската Унија.
„И ЕУ е свесна дека дури и да ги исполниме сите обврски – владеење на правото, слободи и така натаму, останува најтешкото прашање – односите со Приштина. Никој не знае дали ќе дојде до таму, можеме само да претпоставуваме“, рече српскиот претседател.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




