26 Април, 2024
0.0313

ВУЧИЌ ЧЕСТИТАШЕ: За него Хандке има неспоредливи морални квалитети, храброст и достоинство

Објавено во: Балкан 10 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ, му честиташе на писателот Петер Хандке, кој денеска ја доби Нобеловата награда за литература.

Вели дека Хандке е награден со Нобел за „извонредната литературна работа, знаење и креативност“, но и за „неспоредливи морални квалитети, храброст и достоинство“.

„Србија ве смета за вистински пријател. Дозволете ми да кажам дека Нобеловата награда за вас, ја сметаме како да сме ја добиле самите ние. Сега, освен Иво Андриќ, имаме уште еден нобеловец“ - изјави Вучиќ.

Церемонијата во Стокхолм ја бојкотираат неколку земји, меѓу кои и Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Хрватска, Турција и Македонија, поради неговите ставови кон војните на просторите на поранешна Југославија и поддршката која му ја давал на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ.

Хандке е австриски писател. Роден е во 1942 година, а израснал во Источен Берлин и во Грифен. Студирал во Грац, а летото 1965 година ги напуштил студиите за потполно да му се посвети на пишувањето. Живеел во повеќе места и земји: Грац, Диселдорф, Берлин, Париз и САД. Тој бил голем пријател на Србија и Србите, а одржал говор и на погребот на Милошевиќ. 

Можеби ќе ве интересира

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари