06 Декември, 2025
0.0751

Втората доза е загарантирана за сите кои се вакцинираа во Србија: Ќе бидат вакцинирани на истите пунктови, порача министерот Лончар

Објавено во: Македонија 20 Април, 2021 13:43

Добивај вести на Viber

Министрите за здравство на Македонија и на Србија, Венко Филипче и Златибор Лончар кои денеска имаа состанок во Белград оценија дека имаа успешна средба откако договорија соработка во однос на неколку теми. Лончар истакна дека комуницираат и на неделно и на месечно ниво, особено поради фактот што корона вирусот не знае за граници.

-Ја анализиравме ситуацијата, говоревме за тоа кои мерки даваат резултати, кои не даваат резултати и секако разговаравме за неизбежната тема, а тоа е вакцинацијата, нејзино забрзување и се она што е потребно да го спречиме ширењето и новите мутации на вирусот. Дури и сега додека ртазговараме, некои од граѓаните на Македонија се вакцинираат во Србија. Разговаравме и за сите оние граѓани на Македонија кои имаат некоја причина да работат овде, имаат фирма, да им излегиваме пресрет. Така и ќе продолжиме од едноставна причина што мислиме дека една држава не може да го реши овој голем проблем во оквир на своите граници, ова е многу попголем проблем и ако е им многу подобро на сите наши соседи и нам ќе ни биде многу подобро. Што се однесува до граѓаните од Македонија кои веќе се вакцинираа во Србија она што најмалку ќе може да го направиме за нив и она што им е обезбедено е да ја примат и втората доза од вакцината тука, односно на пунктовите каде што веќе ја имаат примено првата доза. Но може и да се договориме, бидејќи имаме целосна евиденција, ако е полесно тие дози за ревакцина да ги отстапиме на Македонија и таму да биде организирана вакцинацијата, односно таму да биде аплицирањето на втората доза. Како и да е, во најлош случај , би ја добиле втората доза, онаму каде што ја примиле првата, истакна српскиот министер за здравство, Златибор Лончар.

А.Б.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија