ВТОР ДЕН ПО РЕД ПОВЕЌЕ ОЗДРАВЕНИ ОД ЗАРАЗЕНИ - има ли барем малку простор за оптимизам
Објавено во: Македонија 11 Април, 2021
Денеска починаа голем број граѓани од коронавирусот, дури 46, што е повеќе во однос на вчерашниот ден, кога битката со ковид 19 ја изгубија 32 наши сограѓани.
Но, она што сепак влева барем малку оптимизам, е што денеска, втор ден по ред, имаме повеќе оздравени од разболени пациенти.
Имено, денеска се регистрирани 1.347 оздравени граѓани, наспроти 687 заболени.
Вчера, пак, беа оздравени 2.003 пациенти, наспроти 1.092 новозаболени.
Инаку, како шт јави МЗ, во последните 24 часа се направени 3.050 тестирања, а регистрирани се 687 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 310, Куманово – 55, Битола – 35, Прилеп, Охрид и Струмица по – 33, Велес – 31, Кавадарци и Тетово по – 23, Гостивар – 19, Штип и Кочани по – 17, Свети Николе – 11, Кичево, Ресен и Виница по -7, Неготино – 6, Гевгелија и Македонски Брод по – 4, Струга – 3, Богданци – 2, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Демир Капија, Демир Хисар, Кратово и Дојран по – 1.
Регистрирани се 1.347 оздравени пациенти од: Скопје – 780, Битола – 94, Куманово – 67, Охрид – 51, Штип – 44, Велес – 43, Тетово – 33, Кичево – 32, Гостивар – 21, Кавадарци – 20, Гевгелија – 19, Кочани – 16, Берово – 14, Струга – 12, Свети Николе и Ресен по – 11, Прилеп и Делчево по – 10, Неготино – 9, Крива Паланка – 8, Пробиштип и Дебар по – 6, Радовиш и Македонска Каменица по – 5, Виница, Демир Хисар и Кратово по - 4, Богданци и Пехчево по - 3, Македонски Брод и Валандово - 1.